Кина: Премногу време онлајн? Вие имате психоза

Фејсбук, Твитер, блог, Фејсбук, имејл, онлајн игра, пак блог… колку време останувате онлајн? Доколку вие останувате пред вашиот монитор и го држите глувчето повеќе од 6.13 часови дневно, тогаш вие, извинете но, сте личност со ментално нарушување според последните официјални  дефинирања во Кина.

Кина ќе биде првата земја која ќе ја дефинира интернет зависноста како ментално нарушување. Националното Министерство за здравство прифати упатство од кинески психолог со кое се категоризира опсесијата од интернет како ментална болест и се очекува наскоро да се претвори во водич за сите болници во Кина.

Симптомите од интернет зависноста, како што наведува водичот, вклучуваат импулсивно користење на интернет, иритација и неразбирлив стрес кога е офлајн и недостаток на концентрација.

Според водечкиот експерт д-р Тао во првиот центар за зависност во земјата, помеѓу 253те милиони нетизени во Кина, околу 10% се заразени со зависноста, повеќето од нив мажи на возраст помеѓу 18 и 30 години. Неговото истражување на 3000 пациенти покажало дека тие може да имаат силна психолошка  зависност од интернетот, со што се нарушуваат нивните нормални социјални активности и секојдневен живот. Тој истакнува дека онлајн игрите, кои сега имаат повеќе од 4800 милиони корисници во Кина, како што се World of Warcraft, се голем проблем бидејќи тие ја ослабуваат способноста на корисниците за разликување на виртуелниот свет од реалниот.

Исто така, интернетот може да придонесе до покачување на криминалот. 76% од малолетничките прекршоци во главниот град се поврзани со интернетот, вели д-р Тао.

Меѓутоа ова не е првпат кинеската влада да го регулира растењето на онлајн индустријата. Има наредено да се инсталира „анти-опсесиски“ систем на јавните компјутери со кој насилно ќе се лимитира онлајн времето на  играчите.

Реакција на нетизените

Голем број од интернет корисниците се возбудени од првиот поглед на дефиницијата, потсетувајќи се на ноќите онлајн.

Дали таквата категоризација е смешна? Некои мислат дека не е. Едно мислење, кое го оправдува правилото, е објавено пред неколку дена на New Beijing Daily:

Во овие години, бројот на деца кои се зависни од интернет е огромен… зависностите од работа, шопинг, храна, секс и цигари, сите тие се третираат како болести. Затоа, ставањето на зависноста од интернет во категорија не е со понижувачка цел, туку е за да се креира научна класификација.

Потоа тој истакнува зошто треба да се смета за болест:

Да се потврди зависноста како психоза, професионални медицински методи ќе се применат на неколку луѓе кои ги играат онлајн игрите со цел да му одолеат на интернет искушението. Психијатријата покажа дека нарушувањето е излечиво. 80% од пациентите може да се излечат за 3 месеци.

На bullog.cn, блогерот Ксаојао го цитираше мислењето погоре со наслов:

Бизарен напис: зависниот од интернет=психоза

Нетизенот „Cold“ одговори:

Сите ние сме психотични

Баијонгбинг рече:

Хомосексуалноста треба да се излечи, останувањето долго време онлајн треба да се излечи, јадењето премногу треба да се излечи, јадењето премалку треба да се излечи…

Ли кингшен се спротивстави на новата категоризација бидејќи обележувањето може да биде траума за децата:

Откако дете ќе отиде во тоа место (центарот за третман), тоа е обележано. Степенот на ментална траума која детето ќе ја преживее од тоа ќе биде огромна.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.