Данска им нуди 100 000 дански крони (20 000 американски долари) на имигрантите од „незападните“ земји кои доброволно ќе се откажат од нивното право на резиденција и ќе си отидат „дома“. Ова е само една од многуте креативни иницијативи предводена од страна на анти-имигрантската Данска народна партија за да ги натераат странците – а, особено муслиманите – да се почувствуваат недобредојдени во оваа мала европска земја од 5,5 милиони жители.
Според Данската народна партија, коалициски партнер со две владејачки десноориентирани партии на данската влада, тоа што им плаќаат на имигрантите да ја напуштат Данска ќе им заштети пари за социјални услуги и проблеми доколку се гледа на долгорочни патеки. „Тоа што во данското општество има неадаптирани имигранти чини доста пари“, рече финансискиот портпарол на партијата, Кристијан Тулесен Дал. Настрана се кренати фондови за кампањи од локалните власти кои сакаат да ги охрабрат имигрантите да ја напуштат земјата. Владата сè уште нема пресметано колку луѓе можат да очекуваат да ја прифатат понудата.
Околу 10% од населението во Данска се имигранти или се потомци на имигранти вклучувајќи ги и соседните земји, како и остатокот од светот. Основен проблем во политиката и во медиумите во изминативе неколку години беше „интеграцијата“ на муслиманите и другите незападни имигранти и тензијата од судирот на културите. Данските политичари ги направија едни од најстрогите имиграциски закони во цела Европа и продолжуваат да добиваат поени за тоа на изборите.
Колку, за да заминат од земјата?
Како одговор, беше креирана една саркастична Фејсбук група која протестира на овој закон, за да собере 100 000 крони за да и платат на лидерката на Данската народна партија, Пиа Кјерсгард за да замине од земјата.
Групата има повеќе од 16 000 членови, а на ознаката стои, „100 000 крони драги пријатели – и можеби ќе си оди“. Создавачите на групата ветуваат дека дополнително ќе понудат пари коишто ќе се соберат за Министерката за интеграции, Бирте Хорнбек од владејачката Либерална партија, во случај и таа да не е подложна да ја напушти земјата.
Дебатата на Фејсбук е жестока. Некои и досетливо коментираат за тоа кој друг треба да биде истеран од земјата или што друго треба да им се случи, додека други сметаат дека понудата на данската влада е великодушна понуда и треба добро да биде прифатена од страна на имигрантите кои се несреќни во Данска и би сакале да си заминат. Еден коментар вели дека не се согласува со оваа група и ги потсетува сите дека слична политика имало пред неколку години, но сумата на пари што се нудела била само 10 пати помала.
Коментарот на Фејсбук на дон Корнали Јоргенсен вели:
Jeg har måske misforstået konceptet?
Drejer det sig ikke om et lovforslag som giver ikke-integrerbare udlændige mulighed for at sige ja-tak, til en check på 100.000 kr. mod tilsagn om frivilligt at rejse hjem til deres oprindelsesland? Umidelbart virker det storsindet og absolut humanistisk, da vi må formode at 100.000… kr. er en anseelig formue i det pågældende land, og nok til at starte en anstændig tilværelse i det land som de tilsyneladende har så stærk tilknytning til…
Дали се работи за закон кој им овозможува на неприспособените странци да кажат „да, молам“ на чек од 100 000 крони за доброволно да заминат дома во нивната земја? Се чини благородно и сосема хуманитарно бидејќи мораме да признаеме дека 100 000 крони се мало богатство во таа земја и доволно да се започне една пристојна егзистенција во земјата каде, очигледно, тие имаат силна поврзаност…
Пензионерите мораат да го пријават патувањето доколку е подолго од 2 месеца
Овој месец се преговара за уште една иницијатива на Данската народна партија, а тоа е законот што ќе наложува за сите пензионери во Данска да пријават на нивната градска власт доколку планираат да ја напуштат Данска повеќе од два месеца. Наводно, целта е да ги сопрат луѓето „на пример Ирачаните“ да добиваат пензии во Данска додека тие можеби примаат плати во друга земја истовремено. Најпознат пример е оној на ирачко-данската политичарка Самиа Азиз Мохамад, која ја открија дека добива пензија додека заработувала висока плата од ирачкиот парламент. Таа ги вратила парите на данската влада. Уште еден пензионер бил откриен од страна на данските медиуми како заработува плата од киргистанскиот парламент.
Членовите на парламентот и на Либералната и на Данската народна партија велат дека новите рестрикции исто така, ќе ги намалат и посетите на лажните бегалци во нивните матични земји, а и репатријацијата на семејните членови кои поминуваат предолго време во странство.
Фактот дека сите дански пензионери ќе бидат осомничени за измама е нешто за кое најголемото здружение на постари луѓе во Данска, ДанЕјџ, отворено покажува гнев. Многу коментари на статиите во весниците го поддржуваат владиниот обид да се намалат измамите, додека други прават споредби со забраните за патување во Источна Германија порано.
Еден дански блогер, Ерик Бентзен, вели:
Enhver kan sige sig selv, at meldepligten ikke dæmmer op for noget som helst, da den ikke indebærer nogen form for effektiv kontrol.
Det er ren chikane og tom signalpolitik, som øger kommunernes administrative arbejde til ingen verdens nytte.
Reglen er så amøbeintelligent, at den forhåbentlig giver bagslag, næste gang pensionisterne skal til stemmeurnerne.
Ова е чисто малтретирање и празна симболична политика што ја зголемува работата на администрацијата на локалната влада без некоја очигледна причина.
Ова правило е толку неинтелигентно што ќе резултира во контра реакција следниот пат кога пензионерите ќе гласаат.