- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Софтвер кој го претвора текстот во говор подучува како да се изговорат зборови на Кешуа јазикот на социјалните медиуми

Категории: Латинска Америка, Перу, Граѓански медиуми, Идеи, Јазик, Староседелци, Рајзинг војсис
Logo del proyecto, usado con autorización.

Логото на Хинантин, проект за развивање на софтвер којшто ја поттикнува употребата на Кешуа јазикот, домороден јазик којшто се помалку се користи. Преземено со одобрение

Перуански истражувачки тим [1] развил текст-во-говор [2] софтверска апликација којашто може да трансформира реченици од Кешуа јазикот во говор, што потоа се пренесува преку социјалните мрежи како што се YouTube [3], Twitter [4] и Facebook [5].

Лоциран во Куско, Перу, Хинантин [6] е насочен кон истражување и развој на софтвери за компјутерска лингвистика и работи на зголемување на употребата на перуанските домородни јазици земајќи в обзир дека бројот на луѓето кои активно ги зборуваат тие јазици се намалува [7].

Global Voices разговараше со Ричард Кастро, еден од основачите на Хинантин, кој објасни дека ова е првиот од неколкуте софтверски проекти за Кешуа јазикот, како што се: Куско Кешуа конверторот на текст-во-говор [2] што може автоматски да трансформира текст во говор, интернет проверувачот на грешки [8] како и софтвер – додатокот за уредување на текст за LibreOffice [9].

Конкретно, софтверот за конвертирање [2] на текст во говор зема реченица или збор од Кешуа јазикот и со користење на аудио плеер, го трансформира текстот во звук и го емитува преку социјалните мрежи. Проектот на Инстаграм [10] исто така служи за поставување слики со збор на денот и неговото значење на различни јазици. Аудио снимките исто така се зачувуваат на SoundCloud [11], што се гледа од гласовната верзија на зборот wayra, што значи „ветар“ на  Кешуа јазикот.

На ова видео поставено на YouTube [12], Хинантин ги подучува YouTube корисниците како да го изговорат зборот maywa,  што на Кешуа јазикот значи „виолетово“.

Софтверот бил развиен врз основа на корпус (збир) на текст и аудио примероци од Кешуа јазикот. Проектот е насочен кон Кешуа јазикот од Куско, Пуно и Лима бидејќи преведувачите кои се одговорни за оваа етапа од процесот потекнуваат од тие региони. Луѓето кои ги позајмуваат нивните гласови за снимките зборуваат секој на свој начин, иако системот за пишување којшто е употребен за гласот во видеата и програмите е оној од Јужна Кешуа [13].

Секој преведувач може да користи систем за пишување по негов избор со оглед на тоа дека текстовите вметнати во системот се автоматски приспособени на јазикот од Јужна Кешуа [14]. Членови од проектниот тим ги споредуваат преводите со достапните автоматски преведувачи [15] за Кешуа јазикот со цел да се проверат маните и предностите.

Една од целите на збирката од текст и аудио примероци е да се искористи при подучување на Кешуа јазикот со помош на електронската платформа наречена RunaSimi [16]. За таа намена, проектниот тим создал посебна субгрупа [17] на збир од текст и аудио.

Тимот којшто стои зад Хинантин придонесува исто така и во развојот на други програми за поддршка на домородни јазици како што се кешуа, ашанинка и ајмара јазиците.

Со оглед дека домородните јазици се дел од перуанското културно наследство [18], нивната проценка и употреба е неразделив дел од политиките кои промовираат различитост и интеркултурна размена. Според тековните проценки, земјата има над 50 живи автохтони јазици [19] како и многу други кои веќе се сметаат за исчезнати. Министерството за култура на Перу го составило [20] Националниот документ за автохтони јазици со официјални цифри за секој јазик и неговите говорители. Документот исто така содржи и информации за тоа каде може да се изучуваат овие домородни јазици како и статистичка мапа [21]којашто има аудио на домородни или автохтони јазици.