- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Рангирани најсреќните (и најмалку среќните) земји во светот

Категории: Латинска Америка, Парагвај, Граѓански медиуми, Добри вести

За да создаде индекс на позитивно искуство [6], Галуп интервјуирале 150.000 возрасни лица во 148 земји поставувајќи им прашања како: „Се смеевте/насмеавте ли вчера“? и „Научивте ли или направивте ли нешто интересно вчера“.

Според Quartz [6], земјите кои воделе во поглед на изразување позитивни емоции биле, неочекувано, сите од Латинска Америка, од Парагвај па до Никарагва.

На скала од 0 до 100, истражувањето покажало дека просечниот индекс на позитивно искуство во светот за 2014 година бил 71/100-  „ист како што бил во 2013 година и скоро ист како во годините од 2006 година наваму“.

Земја со најнизок индекс на позитивна емоција бил Судан (47/100). Нивоата на среќа биле исто така ниски и во Тунис, Србија, Турција и во други земји, што се должи очигледно на војната и другите облици на политичка нестабилност.

Во Боливија и Ел Салвадор на пример, 59% од испитаниците одговориле со „да“ на сите прашања кои се однесуваат на позитивни или негативни емоции, што им донело на овие нации особено високи „емоционални“ резултати.