- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Соединетите Држави: „Окупирај го Вол Стрит“ се засилува

Категории: Северна Америка, САД, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Економија и бизнис, Младина, Политика, Протест, Слобода на говор

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа #Окупирај ширум светот [1].

Кога за првпат ја објавивме нашата сторија за „Окупирај го Вол Стрит [2]“, за група која кампуваше кај паркот Зукоти, едвај стигна на насловната страница на некои локални весници. Моментално, со илјадници следбеници кои се приклучија кон целта – вклучувајќи и лидери на синдикати, интелектуалци како Славој Жижек и луѓе како Мајкл Мур – Окупирај го Вол Стрит го привлече вниманието на националните и меѓународните медиуми, а протестите се проширија низ многу други градови во САД, меѓу кои и Бостон, Хартфорд, Сиетл, Вашингтон и Тампа (за целосната покриеност проверете ја страницата на Окупирај го Вол Стрит [3])

Ова движење привлече толкаво внимание, што дури стана тема за дискусија меѓу политичарите и медиумските професионалци, меѓу кои и Ерик Aлтерман од Центарот за Американски Прогрес, кој ги разбира „нетрпението и гневот [4]“ на ова движење и ја поддржува онаа „ера на 1%“ дефинирана од страна на добитникот на Нобелова награда за економија Јозеф Стиглиц, алудирајќи на оној 1% кој го поседува поголемиот дел до богатството во САД.

Occupy Wall Street [5]

Стотици илјадници демонстранти се собраа во околните делови на Вол Стрит. Фотографија од david_shankbone на Фликр (CC-BY NC 2.0)

Секако постојат и други кои не го делат ова мислење: републиканскиот кандидат за претседател, Херман Кејн, ја упати својата критика  кон Окупирај го Вол Стрит [6], тврдејќи дека кризата потекнува од Белата Куќа , а не од Вол Стрит и дека демонстрантите си се сами криви [7] зошто не станале милионери и зошто немаат работа (реченица за расправија меѓу републиканската и неолибералната идеологија.) Како што се очекуваше, неговите коментари беа жестоко критизирани, класифицирајќи ги како „нерационална идеологија [8]“.

Блогери како Роберт В. Снајдер од nj.com [9], веруваат дека приказната на овој протест заслужува подобар агол на набљудување, бидејќи печатот повеќе се фокусира на судирите помеѓу протестантите и полицијата.

Како што посведочивме во шеесетите, мирен протест беше дефиниран со непропорционално покривање од малцинство на протестанти, кои бараа само проблеми. Како што вообичаено се случува, фотографиите и насловите на весниците беа оние, кои ги донесоа граѓаните во заблуда. Фотографите можат одлично да ги уловат акцијата и гневот, но тие едноставно не можат да ги пренесат оние нијанси, кои најдобро се доловуваат со зборови.

На блогот The Spectacle [10], Јозеф Лолер ја расчистува разликата помеѓу Окупирај го Вол Стрит и ултраконзервативното движење Чајанка, откако некои шпекулираат дека Чајанка ќе стане политичка група.

Судејќи според фотографиите на активистите од Окупирај го Вол Стрит, ова движење барем засега е поблиску до моделот на протестирање  како „бунтовна младина“, отколку како „граѓанство на кое му е доста од се“ кое повеќе личи на Чајанка. Ќе видиме што ќе се случува понатаму.

Експерти потврдуваат дека претседателот Барак Обама се потрудил да ги канализира гневот и се поголемата сила на движењето Окупирај го Вол Стрит, за да го оправда неговиот нацрт-закон за нови работни места. Џастин Васало од  The Faster Times [11], пак, верува дека Окупирај го Вол Стрит не ја оправдало сликата на претседателот за да можат и понатаму да ја спровдуваат неговата мисија:

Ако Обама навистина го следи движењето Окупирај го Вол Стрит, мора да сфати дека една страстна и растечка коалиција на Американци веќе се мобилизира без него.

Особено на Твитер, многумина како Unedited Camera (@Uneditedcamera [12]), го искажаа своето мислење со почит кон можните политички мотиви на Окупирајго Вол Стрит:

#occupywallstreet ова движење не е за политичките партии. Се работи за демократизација на нашиот живот.

Крис Спенсер (@Chris_M_Spencer [13]), од друга страна пак, го искритикува движењето на следниов начин:

Дефиниција за плачко: лут си на корпорацијата зашто немаш работа. @OccupyWallSt #OccupyWallStreet #OWS #futility

Слично, curmudgeon (@Curmudgeonisto [14]) мисли дека ова движење си го губи времето:

#OccupyWallstreet протестантите би биле помалку „сиромашни“ ако поливина од оној залуден труд го потрошеа за барање образование/тренинзи/работа #OWS #TCOT

Окупирај го Вол Стрит ЊЈ (@OccupyWallStNYC [15]) одговори на силата употребена од локалните власти:

Најдобриот одговор на нивното насилство е уште повеќе мир. #occupywallstreet #sep17

Џордан Хемонд (@InktViek [16]) ја опишува борбата на Окупирај го Вол Стрит со еден цитат од Ганди:

#occupywallstreet “отпрвин те игнорираат, потоа ти се смеат, па се борат со тебе, потоа победуваш” –Ганди, сега тие се борат со нас

Подолу имаме видео со коментари од некои учесници:

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа #Окупирај ширум светот [1].
Малата слика го покажуба протестниот знак на Окупирај го Вол Стрит. Слика од Фликер корисникот Caroline Schiff Photography [17] (CC BY-NC-SA 2.0).