Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Узбекистан: Нов закон забранува конзумирање на алкохол по улиците и парковите

Како што беше објавено од страна на gazeta.uz на 5ти октомври 2011 година, претседателот на Узбекистан го одобри законот кој се однесува на „дистрибуција и конзумирање на алкохол и тутунски производи“ кој ќе стапи на сила во април 2012 година.

Законот назначува дека конзумирањето на алкохол по улиците, парковите и другите јавни места е забрането. Ова се однесува на кој било производ за потрошувачка кој содржи повеќе од 1,5% алкохол, тоа би значело дека дури и пивото би се конзумирало само дома или во кафулињата и баровите. Во исто време, интересно прашање е дали фирмите ќе ја прифатат забраната за пушење на јавни места или ќе се адаптираат на неа преку посебни алтернативи за конзумирање на тутунски производи?

Дополнително, законот се однесува на маркетингот на цигари и алкохолни производи; медицинските предупредуања во вид на текст или цртежи мора да бидат видливи на најмалку 40% од главната површина на етикетата, кои според сегашниот закон се само 5% од етикетата.

Исто така, вреди да се напомене дека се воведува целосна забрана за продажба на цигари и алкохолни производи се за оние помлади од 20 години. Причината за оваа возраст не е јасна со оглед на тоа што, според узбекистанскиот закон, возраста на мнозинството за целосна правна способност имаат граѓаните со 18 години.

Photo from the website profi-forex.org

Фотографија од веб-сајтот profi-forex.org

До денешен ден во Узбекистан постои феномен дека цигарите се продаваат како индивидуални единици. Во целост тие се продаваат од бабушки (постари жени) кои седат на столици на улиците и продаваат гуми за џвакање, семиња и цигари на парче. Нивните главни клиенти се ученици и други студенти кои се прикрадуваат за да пушат цигари за време на паузите. Законодавците не заборавиле на нив – сега е забрането да се продаваат тутунските производи без пакување, или поедноставно кажано, на парче.

Рекламирањето на алкохол и тутунски производи и промовирање на нивната потрошувачка е исто така забрането. На пример, во сегашната верзија на законот, во врска со рекламирањето, дозволено е рекламирање, освен јак алкохол кој не смее да се рекламира во текот на денот.

Интернет корисниците реагираа на законот со одобрување. На пример i-power коментира:

Вот и еще один шаг вперед. Хоть маленькими шагами, но двигаемся вперед. Прогресс есть, отрицать не надо. Спасибо за это правительству.

Ова е уште еден чекор напред. Иако чекорите се мали, се движиме напред и овој напредок не треба да се негира. Благодарение до владата за ова.

Кыргызстанец (Киргистанец) се согласува:

Очень хороший и полезный закон…хотя я сам из представителей курящих но рад всегда такому закону…

Ова е многу добар, корисен закон… иако самиот сум пушач, среќен сум за овој закон…

Свет сугерира дека за време на донесување на овој закон за ограничување на дистрибуцијата на алкохол и тутунските производи, владата беше водена како прво и основно од сопствените интереси, а не од грижата за здравјето на граѓаните:

1) это получит одобрения народа, чего ему [государству] так не хватает. 2) Народ по трезвянье не начнет бастовать, потому что смелости не хватит.

1) Ова ќе донесе одобрување од граѓаните кое на владата и недостасува. 2) Граѓаните нема да започнат штрајкување против “отрезнување” зошто имаат недостаток на храброст.
Сепак, не секој е оптимист. Повекето корисници се убедени дека законот ќе остане само на хартија не само затоа што многу закони во Узбекистан не се почитуваат, но исто така, производителите ќе побараат други начини за заобиколување на законот. Октопод пишува на оваа тема:
Насколько я знаю, в Узбекистане много замечательных законов,начиная с Конституции и заканчивая запрещающими детский труд, а также о свободе СМИ, запрете цензуры и прочие. (…) И что, все они рьяно соблюдаются и выполняются? Почему вы думаете, что именно этот будет соблюдаться от А до Я? Готовы владельцы (ликёро-водочных заводов, пивоваренных компаний и УзБАТ) к ограничению реализации их продукции?
Колку што знам, во Узбекистан постојат голем број на значајни закони, почнувајќи од Уставот, завршувајќи со забрана на детски работен труд, како и меѓу другото, оние што се однесуваат на слободата на медиумите и забрана на цензурата(…) И така, дали сите овие се почитуваат и ги применуваме ?! Зошто сметате дека ова особено ќе биде применето. Дали сопствениците на фабриките заалкохол се подготвени за рестрикции во производството на нивните производи.

Треба да се напомене дека тутунските производи на узбекистанскиот пазар се направени од страна на компанијата УзБат(UzBat)- оддел на Бритиш Американ Тобако. Во 2010 година профитот на компанијата се зголеми за речиси 50% во споредба со 2009.

Ќе биде интересно да се види како донесувањето на законот ќе влијае врз продажбата на насвар (еден вид на црпувачки тутун) кој е исто така поврзан со тутунските производи. Сепак, тој се продава во едноставно целофанско пакување, препакуван во мали делови, најчесто со рака. Дали производителите на насвар сега треба да пишуваат како нивните производи се штетни по здравјете? Наскоро ова прашање ќе биде отворено.
Музаффар ги охрабрува граѓаните да учествуваат во спроведувањето на законот, со надеж дека законот ќе се применува со помош на тие средства:
Лично я думаю о детях и подростках. Теперь я спокойно смогу сдать ментам продавцов, отпускающих подросткам пиво, и опушек [женщин –  GV], торгующих штучными сигаретами. Раньше с продавцами ругался, но поделать ничего не мог. Законодательной базы не было.
Лично мислам на децата и тинејџерите. Сега, јас ќе бидам во можност мирно да ги пријавам продавачите кои ќе продаваат пиво на тинејџери и жените кои продаваат цигари на парче. Претходно, ги проколнував продавачите, но не можев да сторам ништо, немаше правна основа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.