Твојот глас е важен, не молчи

Mujeres Construyendo (Жените градат) се обидуваат да ја покренат свесноста преку порака главно упатена кон жените. Нееднаквоста помеѓу мажите и жените е факт, потврден од Центарот за економски студии на Мексико, каде што можеме да видиме, во поглед на плати, жените заработуваат 22% помалку, но ова е само еден од проблемите со кои тие се соочуваат.

Во едно кратко анимирано видео кое тие го споделија преку нивниот Твитер, можеме да видиме како разговараат две девојки, и едната од нив се обидува да ја покрене свесноста на другата дека нејзиниот збор е важен и валиден како и сечиј друг. На крајот, видеото ни дава серија од важни пораки:

Tu voz te da poder, te hace visible y presente. Tienes derecho a expresarte y a decir lo que piensas y sientes. El silencio es tu decisión, nadie te lo puede imponer.

Твојот глас ти дава моќ, те прави видлива и присутна. Ти го имаш правото да се изразиш и да кажеш што мислиш и чувствуваш. Останува на тебе да одлучиш дали ќе молчиш, никој не може да ти наметне молк.

Со оваа привлечна порака, тимот на Жените градат бара нешто што се чини очигледно во 21от век, родовата еднаквост.

Можете да ги следите Жените градат на Твитер.

Овој пост е дел од дваесет и шестиот #LunesDeBlogsGV (Понеделник на блогови на ГВ) на 27ми октомври, 2014.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.