- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

#ФрлиЈаМастиката, иницијатива за рециклирање во Аргентина

Категории: Латинска Америка, Аргентина, Граѓански медиуми, Животна средина, Идеи

На некои улици во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, се појавија розеви кутии за фрлање на искористени гуми за џваќање. Целта на оваа иницијатива е да се намалат отпадоците од гумите за џвакање на јавните простори. Повторно собраните искористени гуми за џвакање можат да се претворат во гумени чизми и сандали, како и други корисни продукти.

На Твитер, некои корисници ја изразија нивната поддршка, но и скептицизам:

Секојдневно фрламе 650.000 гуми за џваќање на улиците на Буенос Аирес. Сега за нив имаме и посебни корпи за отпадоци!

Многу добра идеја.

Фрлете и рециклирајте ги гумите за џвакање! Дали ќе потраат? Се сомневам. Ќе видиме, ќе видиме.