- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Предвидувања за победа на опозициската партија во Тринидад и Тобаго на изборите

Категории: Кариби, Тринидад и Тобаго, Граѓански медиуми, Избори, Најважни вести, Политика

До полноќ по време на Тринидад и Тобаго, државата ќе знае која партија ќе ја формира следната влада. Како што беше предвидено, досега трката е тесна — од нешто малку над милион регистрирани гласачи, Комисијата за избори и ограничувања [1] (КИО) досега изброја над 400,000 гласови. Гласовите за многу изборни единици веќе се познати, но две критични маргинални изборни единици, Св.Џозеф и Ла Хоркета/Талпаро, двете во источен Тринидад, се уште се отворени.

Како што се очекуваше, двете изборни единици во Тобаго ги доби опозициската Партија на народното движење [2] (ПНД).

ПНД победи во источно и западно Тобаго #S6TT [3]

— CCN TV6 (@tv6tnt) 8 септември, 2015 [4]

Доколку ПНД победи во последните две изборни единици — и по сите изгледи, тие се очекува да победат барем во едно од нив, Св.Џозеф — тие ќе ја победат актуелната власт со 23 седишта наспроти 18 — блиско мнозинство, но сепак – победа. Некои медиумски куќи и анкетни агенции веќе започнаа со прогласување на изборите како добиени за ПНД, иако финалните бројки се уште не се изнесени:

Се чека официјално известување, но @tv6tnt [5] ги најави како победници ПНД на #TTElections2015 [6].

— Весли Вилијамс (@wes2212) 8 септември, 2015 [7]

Нигел Хенри вели дека ПНД победија на изборите 22 наспроти 19….се уште непотврдено @tv6tnt [5]

— Марк Басант (@MarkBassant1) 8 септември, 2015 [8]

Актуелната премиерка, Камла Персад-Бисесар, ја задржа функцијата со голема разлика во гласови:

Премиерката Камла Персад-Бисесар го задржа седиштето во Сипариа #PushForPower [9] #S6TT [3] pic.twitter.com/duH9Vlzys1 [10]

— CCN TV6 (@tv6tnt) 8 септември, 2015 [11]

Радосните поддржувачи на ПНД @PM [12] во канцеларијата во Сипариа @tv6tnt [5] pic.twitter.com/4vowj0Nj2f [13]

— Марк Басант (@MarkBassant1) 8 септември, 2015 [14]

Премиерката се обрати со краток победнички говор откако ја задржа функцијата во Сипариа со преку 14,000 гласови досега избројани за неа @tv6tnt [5]

— Марк Басант (@MarkBassant1) 8 септември, 2015 [15]

Како што стојат работите во моментов, се чини дека нејзината победа може да се ограничи само на гласачите во Сипариа и „безбедните седишта“ кои нејзината партија ги ужива во централен и источен Тринидад.