Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

KarmaTube: Промовирање промена преку споделување на видеа

Karma TubeKarma Tube е онлајн платформа за споделување на видеа, преку која се шират кратки видеа и нивните цели низ интернетот, прикажувајќи совети за акции кои луѓето можат да ги преземат за прикажаната цел. Преку KarmaTube ви ги прикажуваме Skateistan од Авганистан, Seeds of Light од Јужна Африка и Barrios de Paz од Еквадор.

Sketeistan е започнат од тројца Австралијци со цел да ја научат младината на Авганистан како да вози скејтборд,  како необична рекреација и дел од крос-културна платформа за учење. Школото за скејтборд  Skateistan е изградено врз напуштен базен во Кабул и момчињата и девојчињата учествуваат во овој ненатпреварувачки спорт. Всушност, ова го истакнува нивната страница за прашања:

Половина од учениците се девојки, со што Авганистан има највисок процент на девојки вклучени во скејтбордингот  од било која друга земја во светот.

Следното видео може да се погледне и на YouTube каналот на Sketeistan:

Seeds of Light е програма започната од Лесли Темпл – Турстон во Јужна Африка со цел да се подобри квалитетот на животот во сиромашна заедница. Копање на бунар за вода, посадување на зеленчук за да се подобри имунитетот на децата, започнување на компјутерски и ХИВ/СИДА едукации се само некои од проектите кои се имплементирани во заедницата со помош на г-ата Темпл-Турстон.

Следново видео ја прикажува работата на Лесли Темпл-Турстон и заедницата која има корист од неа:

Barrios de Paz е проект на Сер Паз, предводен од Нелса Либертад Курбело Кора, која има работено во Гвајакил со членови на банди, обидувајќи се да ги соедини членовите од различни банди за да работат заедно и во мир. Нелса ги поддржува членовите на бандите од перспективата дека децата кои им се приклучуваат на бандите го прават тоа од потребата да бидат дел од фамилија и во потрага по поддршка и насока: кога ќе им се дадат правилни насоки тие ја имаат енергијата и карактерот да работат во мир и кога ќе им се пружи љубов тие ја имаат моќта да се променат на подобро. Во 9 минутното видео Нелса говори за бандите, психологијата на членовите на бандите и како програмата им помогнала на тинејџери да излезат од насилството. Целосниот документарец е поделен на два дела и може да се погледне тука и тука.

Постојат многу други инспиративни проекти и видеа кои може да се погледнат на KarmaTube. Инспиративно е да се види како добри луѓе прават добри работи за други.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.