Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бременоста и затворите: Здравјето на жените и нивните права позади решетки

Дали сите бремени жени заслужуваат еднакви човекови права, или пак бремените жени во затвор се лишани од овие права?

Се поставуваат неколку прашања кога станува збор за правото на бремената жена да живее и да го одгледува своето дете кога е обвинета за некаков криминал:

  • Како е да бидат бремени и да го родат своето дете зад решетки?
  • Треба ли тие да бидат приоритет кога има и други жени надвор од затворите без медицинска помош?
  • Дали мајчинството треба да надвладее над другите правни состојби за да се исполнат човековите права на една бремена жена?

САД: жените на пораѓај повеќе да не бидат врзувани.

Можете ли да си замислите жена како раѓа дете со рацете во лисици и нозете врзани за креветот? Малика Саада Саар, основач и извршен директор на Ребека проект за човекови права (Rebecca Project for Human Rights), ни раскажува за оваа честа појава што се случува во Соединетите Американски Држави, каде бремените жени кои ја отслужуваат затворската казна рутински се врзуваат за време на пораѓајот, појава во некои затвори, иако опасна за здравјето и на мајката и на детето. Следува видео интервју во истиот натпис напишан за RH Reality Check, интернет заедница за сексуалното и репродуктивното здравје и правата која обработува информации и анализи за репродуктивното здравје:


Што се случува со бебето на затвореничката по раѓањето?

Различни земји имаат различни регулативи кога станува збор за децата во затвор. На пример, во Аргентина, според Ајинтем (Ajintem), портал за информации за миграциски прашања, бил донесен закон минатата година според кој бремените жени, жените со деца под 5 години и оние со хендикепирани деца ќе бидат бенефицирани со тоа што затворската казна ќе ја отслужуваат во домашен притвор. Овој закон е од корист не само за мајката, која во затвор не би добила соодветна здравствена нега за време на нејзината бременост, туку исто така, и детето, кое или ќе било одгледувано во несигурна средина лишено од слобода со слаби лекарски контроли и храна или би било одгледувано одделено од мајката, ситуација што носи други проблеми. Како и да е, пораката е за судиите што треба да го следат законот и да го дозволат ова само на оние жени кои не биле вклучени во насилен криминал, со цел другите да не ја гледаат бременоста како билет за излез од затвор.

На Канарските острови, според блогот Prisiones y Penas, кој пишува за теми поврзани со затворите, на жените им е дозволено да ги чуваат своите деца до три годишна возраст со нив во ќелиите, но во друштво со други затворенички, што не е најдобра околина за детето. Така, на бремените жени или жените со деца под три години пред самото влегување во затворот им се кажува дека не е добро детето да порасне позади решетки и на таквите им е дадена и опцијата да го испратат детето кај други членови од семејството. Истото се случува и во Перу и Русија. Во САД постојат само два затвора каде ова е дозволено, во Њујорк и Небраска, како што информира познатата фотограферка Џејн Евели Атвуд во нејзиниот триделен фото документарец за Амнести Интернешнл, (Amnesty International) наречен Премногу време (Too Much Time), каде што таа посетила десетици затвори низ целиот свет за да ги снима и документира животите на затворениците.

Зошто затворскиот систем во САД, главно, не им дозволува на жените да ги чуваат своите бебиња со себе? Атвуд објаснува дека поради ситуацијата на заложништво, ова не е дозволено. На блогот Prison Photography Blog се пишува за овој проблем:

Децата не се примаат во затворот со исклучок на два затвора во САД. Заканата по безбедноста на детето е наведена како причина: животот на детето во затвор е ранлив и постојано е цел на заложништво. Ако се земат предвид кривичните системи во другите земји ова тврдење е помалку лажно.

Документарецот на Атвуд во страницата на Амнести Интернешнл го претставува и процесот на раѓање при што мајката е врзана како што беше кажано во Бебето на Ванеса и она за затворските системи и мајчинството, со фотографии на жени, додека фотографот чита есеј за нејзините искуства при посетата на затворите и фотографирањето.

Бременоста како средство за пазарење?

Зошто правата на бремените жени во затвор се толку полемични? Во Русија Денес (Russia Today), руски телевизиски канал, се спомнува овој проблем кога се дискутира за децата кои се родени и растат во русиот затворски систем:

Скептиците сметаат дека мајките намерно остануваат бремени едноставно за да си го олеснат животот во затвор. Болничко отсуство, потоа време кое по распоред треба да го поминат со своето дете – подобро е ова отколку седењето во камена ќелија, велат тие.

А, има и жени за кои бременоста е единствениот начин да одбегнат казна, каков што беше случајот во јуни, кога една Британка затворена и осудена на смрт во Лаос поради шверцување на дрога забремени во затвор и го одбегна егзекутирањето, бидејќи владата на Лаос не може да егзекутира бремена жена. Според Дејли Експрес (Daily Express), британски дневен весник, таа вештачки била оплодена „за да си обезбеди поблага казна“.

Со нивни зборови: Жените раскажуваат за нивните деца и животот во затвор.

Гералдин Родригез (Geraldin Rodríguez), Аргентинка во еквадорскиот затвор поради трговија со дрога му ја раскажува на Маркос Бругиати (Marcos Brugiati), писател кој придонесува за уметничката интернет публикација Пластика-Аргентина (Plastica-Argentina), својата приказната за глумењето, забременувањето и раѓањето на нејзиното дете во затвор. Иако и било дозволено да го чува бебето со нејзе, таа решила дека на детето потребно му е да расте во слобода:

“Decidí que salga para vivir, tenía miedo que sufra de grande los traumas que hoy tengo. Se lo llevó al año mi hermano quien se hice cargo con su esposa”.

Сметав дека тој треба да замине за да живее, се плашев дека ќе страда од истите трауми што јас ги имам денес. По една година брат ми го зеде и сега се грижи за него заедно со неговата сопруга.

Јувинет е во шпански затвор, а била бремена кога ја затвориле за трговија со дрога. Ја раскажува својата приказна на еден регионален шпански весник, Нортекастија (NorteCastilla). Три години по раѓањето на нејзиното бебе во затвор, нејзиното дете морало да ја напушти и било испратено во семејство што го посвоило. Јувинет ја гледа својата ќерка секои 15 дена, а секои два месеца добива две слободни недели за да помине некое време со неа. Како и да е, работите не се движат кон подобро: постои можност Јувинет да биде депортирана во нејзиниот роден Бразил, а таа се плаши за последиците што оваа промена ќе ги наметне врз нејзиното дете. Таа ги советува жените кои решаваат да забременат додека се во затвор.

-Intento convencerlas para que no se queden en estado dentro porque ver a un niño privado de libertad es muy duro, es irresponsable. Ellos no tienen que pagar nuestros errores.

Се обидувам да ги убедам да не забременуваат додека се во затвор бидејќи тешко е да го гледате детето лишено од слобода, тоа е неодговорно. Тие не мораат да плаќаат за нашите грешки.

Во Жените и затворот, веб-локација за визуелизација на искуствата на жените во затворскиот систем, затвореничката Кеби Варнер зборува за нејзината бременост додека одлежувала казна во американскиот затвор и за тоа како била третирана додека била бремена, додека се пораѓала и потоа, кога нејзиното дете било одделено од нејзе. Еве еден извадок во кој таа го опишува процесот на раѓањето:

За време на пораѓајот никому не му беше дозволено да влезе во породилната сала. Моето семејство не знаеше дека ќе се пораѓам сè додека не ја напуштив болницата. За време на трите дена таму некои од стражарите остануваа во собата, а кога најголемиот дел од времето, сестрите ги замолуваа да седат надвор пред вратата, тие се жалеа. Слушав ужасни приказни за жени кои биле врзувани за креветот. Многу сум благодарна што ова не го искусив. Повеќето од сестрите човечки се однесуваа кон мене, а не како кон затвореник.

Можете да прочитате повеќе сведочења за растењето со еден родител во затвор и различните влијанија врз децата чии мајки се во затвор на Жените и затворот.
Па, што мислите? Со толку бремени жени во светот кои не добиваат соодветна здравствена нега треба ли да се преземат дополнителни мерки кои ќе им бидат од корист на бремените жени во затвор? Постои ли разлика помеѓу мајките кои отслужуваат казна во затворите и оние надвор од нив? Треба ли различно да се третираат?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.