- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Хулигани нападнале прослава на ЛГБТИ заедницата во Македонија

Категории: Македонија, Холандија, Владеење, Граѓански медиуми, Закон, Хомосексуални права (ЛГБТ), Човекови права

Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН) е една од малкуте медиуми кои известија за нападот [1] на прославата на втората годишнина на ЛГБТИ центарот за поддршка во Старата чаршија во Скопје. На 23 октомври 2014 година дваесетина маскирани млади мажи ги нападнале учесниците на прославата и го вандализирале локалот.

„Хулиганите влегоа во кафулето и почнаа да фрлаат се, како шишиња, гајби… Тоа беше стампедо. Една девојка беше повредена и однесена во брза помош. Сега е добро и се опоравува…“ изјавила Уранија Пировска, директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

Амбасадорката на Холандија во заминување, Мариет Шурман, со БИРН зборуваше [2] за користењето насилство „како инструмент за заплашување и замолчување на луѓетокако инструмент за заплашување и замолчување на луѓето“ во Македонија, особено изразувајќи длабока загриженост за тоа колку таквите практики станале општествено прифатливи.

Според неа, Македонија има сериозен проблем со владеењето на правото бидејќи: „граѓаните веќе не се чувствуваат заштитени од страна на властите кои според Уставот би требало да ги штитат нивните права, а особено правата на малцинствата…“.