- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Шпанија: Протест против владата „Збогум мафијо, здраво демократијо“

Категории: Западна Европа, Шпанија, Граѓански медиуми, Политика, Протест

España 15M

Протестот под слоган „Збогум мафијо, здраво демократијо“, што се оддржа на 5 октомври во Мадрид, најавен со плакатите одговорни за формирање на движењето 15-M [1], беше мотивиран од корупцијата, невработеноста (6 милиони жители без работа), од зголемената стапка на емиграција во поседните децении, иселувањето, намалувањето на здраствениот и образовниот буџет. (Само дел од бројните проблеми со кои државата се соочува секојдневно.)

Која беше главната цел? Критиката и падот на владата и, како што образложија, вистинска демократија, каде што луѓето можат да бидат суверени, не само да имаат право на глас за избор на претставници, на секои четири години.

Откако останаа на улица повеќе од еден час, демострантите одлучија да се „прошетаат“ низ градот, каде што беа придружувани од се поголем број луѓе, при што го блокираа градскиот сообраќај, извикувајќи слогани како „Не, не нé претставуваат“, „Поради лагите и крадците, оставка за Народната Партија“, „Нема доволно леб за толку многу крадци“. 

Протестот беше завршен пред седиштето на актуелната влада, Народната партија [2], на улица Џенова, каде што учесниците се најдоа пред огромно полициско обезбедување кое што им забрани да продолжат. Поради тоа, демонстрантите почнаа да фрлат ролни хартија извикувајќи „оставка“. На крај, пред заминување го прочитаа манифестот во кој е изјавено „да, се може“ и „денес заминуваме, но ќе се вратиме пак“, завршувајќи го така протестот.

Во продолжение, неколку фотографии од авторот на овој текст:

España 5 de octubre 15M

España 5 de octubre 15M

España 5 de octubre 15M

España 5 de octubre 15M 

España 5 de octubre 15M