- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

11-11-11: Грабнете ги вашите камери и овековечете го животот

Категории: Источна Азија, Источна и Централна Европа, Северна Америка, Косово, САД, Северна Кореја, Граѓански медиуми, Историја, Музика, Уметност и култура, Филм, Фотографија

Само неколку дена до 11/11/11, датум на кој луѓето ширум светот ќе ги снимаат своите животи преку филм и музика. Учествувајте во Проектот 11 единаесет [1] и Еден ден на земјата за да го оставите вашиот белег врз светот.

[2]

CCBY [3] од НАСА Годард фотографија и снимка [4]

Глобал Војсис Онлајн се здружи [5] со Проектот 11 единаесет [1] за да помогне да се направи снимка на човечкото искуство. Колку различни и колку слични ќе се покажат нашите животи? Ширум светот и на различни јазици, снимките направени во тој период од 24 часа на 11 ноември 2011 година, ќе помогнат да се одговори тоа прашање.

11 единаесет утврди 11 различни теми [6] на кои може да се фокусирате: почетоците, кршење на срцето, замислување желба, верба, рутина, вода, храброст, игра, темнина, убавина и љубов, и со овие почетни точки тие ќе прифаќаат фотографии, песни, звуци, снимки, онлајн содржина направена за време на 11 ноември 2011 година, за да ги претворат во светска музичка колекција, двочасовен документарец и книга со фотографии кои ќе бидат создадени и дистрибуирани ширум светот.

Качете ги и обележете ги со #11ElevenLIVE, како што е објаснето во следната снимка [7]:

Имоген Хип [8], музичарката добитничка на Греми награда, се придружи на тимот како извршен музички продуцент, ќе го создаде саундтракот за документарецот и исто така ќе биде главна за светската музичка колекција.

Приходите од продажбата на музичката колекција, книга со фотографии и документарецот во целост ќе бидат наменети за поддршка на добротворни цели и организации [1] вклучувајќи ги Глобал Војсис Онлајн.

Еден ден на земјата документира снимки од светот веќе втора година по ред. Минатата година на 10-10-10 тие го доловија светското доживување во текот на 24 часовен временски опсег. Резултатот беше географски обележана видео архива [9] како и филм-репортажа кој ќе биде прикажан истовремено во секоја земја [10] од светот благодарение на соработката на организацијата со Обединетите Нации.

Она што следи [11] е објаснување од позади сцената за тоа како започна проектот и најважните делови од документарецот како што е снимката од Северна Кореја и свадба во Косово.

Следното е трејлер [12] за документарецот, на кој се гледа дел од снимките од целиот свет кои се собрани истиот ден.

Можете да учествувате и на двата проекти на 11 ноември. Запишете се, вклучете ја вашата камера, снимете ги дневните настани и качете ја вашата содржина. За повеќе информации посетете го Еден ден на земјата [13] и Проектот 11 единаесет [14].