Франција: Нови визни рестрикции за странските студенти

Доколку Законот за имиграција на САД беше сличен со оној кој Франција неодамна реши да го примени, Јаху ќе беше кинеска компанија (основана од Џери Јанг од Тајван), Гугл сега ќе беше успешен руски бизнис (оформен од Сергеј Брин) и Ејпл ќе беше сириско претпријатие – таткото на Стив Џобс бил странски студент кога неговиот син се родил.

Уште повеќе, доколку Универзитетот на Хаваи не му дадеше можност на Барак Обама Постариот да студира во САД, неговиот син веројатно немаше да биде тука денес.

Имиграциска дебата

Во Франција се одвива политичка дебата од почетокот на септември 2011 година. Министерот за внатрешни и поранешниот Шеф на персонал на претседателот Саркози, Клауде Гуеант, заедно со Министерот за труд и социјални врски, Ксавиер Бертранд, потпишаа циркулар со кој е потешко странските студенти кои дипломирале на јавните и приватните универзитети да работат на француска територија и притоа да ја променат нивната дозвола за студентска виза во работна виза.

Claude Guéant, French Minister of Interior. Image from iledere.parti-socialiste.fr (CC).

Клауде Гуеант, францускиот Министер за внатрешни. Фотографија од iledere.parti-socialiste.fr (CC).

Дополнително, на 6 септември, 2011 година, беше потпишана одлука со цел да се заострат условите за странците кои сакаат да го продолжат нивното високо образование во Франција.

Џули Смит, американска државјанка која живее во Франција беше погодена од овие нови политики. Откако доби писмо за депортирање од властите, таа на францускиот информативен веб-сајт Rue 89 напиша:

Еве ја мојата приказна како е да се биде американски имигрант во Франција, приказната на многумина откако имиграциската политика се заостри под водство на Министерот за внатрешни, Клауде Гуеант. Оваа политика ги уништува животите на многу странци кои се сместени во Франција и кои тука ги граделе своите животи со години. Ја лишува Франција од нивниот вистински придонес кон економијата и се спроведува на комплетно нелогичен и неправеден начин.

Француските и меѓународните студенти, како и неколку универзитетски советници, се мобилизираа против овие нови правни чекори. На 18 октомври, 500 студенти симболично протестираа против политиката на Гуеант пред Универзитетот Сорбона во Париз. За да ја покажат апсурдноста на мерката, тие ги фрлија нивните француски дипломи во ѓубрето.

Следната снимка објавена на Јутјуб од страна на корисникот 123VivaAlgerieNew ја покажува сцената:

Протест

Протестот беше организиран од „Collectif du 31 mai“, организација која ги здружува странските студенти и дипломци од француските универзитети. Организацијата брои повеќе од 6000 членови кои ја поддржуваат на нејзината Фејсбук страница.

„La Confederation Étudiante“, вториот поважен студентски сојуз во Франција, исто така се мобилизираше по прашањето. Организацијата лансираше петиција барајќи од Владата да ја повлече мерката. Досега беше потпишана од повеќе од 2000 луѓе.

Го интервјуиравме Баки Јусуфу, претседател на „La Confédération Étudiante“. Во следната снимка, тој ја објаснува апсурдноста на мерката, и зошто тој смета дека е поврзана со претстојните избори за Претседател на Франција во 2012 година:

Некои меѓународни студенти претпоставуваат дека циркуларот од 31 мај е можност за нив да се вратат во нивните земји и да им помогнат да се развијат. Коцоумбо, студент од Камерун, објави анонимен гостински напис на Rue 89 насловен „Африкански студенти, Гуеант ни помага: да се осмелиме да одиме дома“. Тој пишува:

A cet égard, en dépit des tragédies personnelles des uns ou des autres, je ne peux m'empêcher de penser que c'est là un fier service que M. Guéant nous rend.

По ова прашање, и покрај нашите лични трагедии, неможам да си помогнам а да не мислам дека Гуеант ни прави голема услуга

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.