Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Италија: „НЕ“ на ограничувањата за слободно говорење онлајн

No 'gag rule' for the NetДодека неодамнешното искуство со WikiLeaks покажува желби за изградба на „слободни зони на информации“ со помош од Исланд, италијанската влада се чини дека се движи во обратна насока.

Предлог-законот за медиумите и за објавување на прислушувани телефонски разговори во медиумите кој беше разгледуван од страна на италијанскиот парламент во времетраење од две години (притоа сурово критикуван од страна на Обединетите Нации) се засноваше на воведување на „правило за премолчување“ кое би ги спречило новинарите да ги објават во широката јавност, снимените записи од прислушуваните разговори снимени за време на некоја истрага. Благодарение на постојаните протести на граѓаните и новинарите, овие ограничувања беа отстранети од предлог-законот на 21-ви јули. Сепак во новата верзија се уште постои мал параграф наменет за директно ограничување на слободата на онлајн говорење, наречена одредба „убиец на блог“ (пар. 29 од член 1). Еве како групниот блог МАВАФФАНЦУЛП го објаснува тоа:

Una norma introdotta riguarda infatti proprio il mondo del web e non si capisce cosa c'entri con le intercettazioni telefoniche. E’ infatti fatto obbligo a qualsiasi blog e quindi a qualsiasi blogger di rettificare nello spazio di 48 ore una notizia o un articolo che possa contenere una informazione non corretta.

In sostanza, se la norma venisse approvata, tutti i blogger dovrebbero stare all'erta per pubblicare una eventuale rettifica che gli sia richiesta pena una multa di 12.500 euro. Non c'è verso di fare neppure una settimana di vacanza tranquilli! E’ evidente che questo porterà molti siti a una scelta drastica. O si chiude o si smette di occuparci di argomenti su cui i potenti, e i loro agguerriti avvocati, sono particolarmente sensibili.

Една од предложените одредби е специфично наменета за онлајн светот и не е јасно каква е тука поврзаноста со телефонското прислушување. Ќе биде задолжително за секој блог да ги коригира во рок од 48 часа, сите вести или текстови кои содржат погрешни информации.

Во основа, доколку законот биде одобрен како што е случај сега, сите блогери се обврзани веднаш да ги направат корекциите кои им биле побарани, а во спротивно ќе мора да платат парична казна до 12,500 евра. Нема шанси да имаме време ни за краток годишен одмор! Очигледно е дека овој закон ќе допринесе за многу сајтови да направат драстичен избор. Или целосно да го затворат сајтот или да престанат да се занимаваат со деликатни прашања за кои моќните луѓе и нивните адвокати сметаат дека се прилично чувствителни.

Луѓето повторно го искажуваат своето незадоволство на интернет и на улица. Интернет заедницата Валигија Блу ги координираше повеќето активности од минатата недела, вклучувајќи го и огромното рели закажано за во четврток 29-ти јули во 16 часот, во Пијаза Монтециторио, во центарот на Рим, со цел да го обележи почетокот на последната дискусија во врска со спроведувањето на предлог-законот во парламентот.

No Gag Rule protest, Piazza Navona, Rome, 1 July (CC BY-NC-SA)

Протест против ограничувањата, Пијаза Навона, Рим 1-ви јули (CC BY-NC-SA)

Во меѓувреме, луѓето се охрабрени да потпишат писмо до пратениците со цел да „се отвори дебатата“, а параграф 29 од член 1, досега е потпишан од 11,000 граѓани заедно со други 240,000 потписи собрани за време на претходното рели кое се одржа во Рим на 1-ви јули — погледни на сликата лево, од албумот на Валигија Блу на Фликр.

Многу аматерски видеа кружат на ЈуТуб, вклучувајќи го и следното видео на никилнеро.

Информации се шират и на Твитер под тагот #nobavaglio:

No al bavaglio della rete su Twitter

- http://nobavaglio.adds.it издаде петиција против правилото за ограничување, ќе ми помогнете ли да најдам луѓе да ја потпишат?

- на локалната веб-телевизија и се заканува затворање, овој строг закон им се заканува на повеќе од 350 такви

- тука владее конфузијата, како и во најзаостанатите, заборавени, анонимни држави…..

Групата No Legge Bavaglio на Фејсбук брои повеќе од 6,500 членови (достигнувајќи и до 11,000 доколку се вклучат поддржувачите од сајтовите) и понатаму продолжува да се ажурира и да споделува нови стории:

Note from FB

- Тука не можеш ни за минута за сопреш, нема време ни за кафе-пауза! (Ариана)

Note da FB

Оттука, бизарно е она што се случува во парламентот. Или можеби не е. Мрежата го децентрализираше објавувањето на вести, поради се послабото контролирање на информациите од страна на граѓаните. За некои, ова очигледно е проблем. За сите други е всушност успех да се биде проширен и подобрен.

Главните медиуми исто така се против предложената регулатива, објаснувајќи дека секој оној кој споделува информации на интернет (вклучувајќи го и радиото и телевизиските веб-сајтови) ќе биде предмет на истата „обврзувачка корекција“. Веб-сајтот на дневникот Il Fatto Quotidiano пишува:

Tutte le web tv ed i video blogger italiani, in forza degli emanandi regolamenti, dovranno chiedere all’Agcom un’autorizzazione – o almeno indirizzarle una dichiarazione di inizio attività -, versare 3000 euro per il rimborso delle spese di istruttoria (quali?) e, soprattutto, finiranno assoggettati, tra gli altri al solito obbligo di rettifica, sempre entro 48 ore e sempre sotto la minaccia di una sanzione fino a 12 mila e 500 euro .

L’obiettivo dell’ultimo scellerato progetto di Palazzo sembra evidente: ora che il Cavaliere si accinge a sbarcare in Rete avendone forse, almeno, subodorato le enormi potenzialità, la vuole tutta per lui, per i suoi amici e per i soli suoi nemici che ha, comunque, la garanzia di poter controllare almeno in termini economici.

Според овие претстојни регулативи, сите италијански веб-телевизии и видео-блогери мора да пополнат апликација до Агенцијата за комуникации – или барем да ги информираат за своите службени активности- да платат 3,000 евра за можен надоместок за истражување (од каков вид?) и, пред се, да бидат предмет на истото тоа барање за корекција кое е применето во главните медиуми, секогаш со рок од 48 часа и ризик од парична казна до 12,500 евра.

Целта на овој сега злогласен предлог-закон на Берлускони е јасна. Сега кога се очекува да се појави на интернет, можеби бидејќи го претчувствува големиот потенцијал, па сега сака да го задржи за себе, за неговите пријатели и за малкуте непријатели кои може да ги контролира на економски план.

Други онлајн коментари кои се однесуваат на негативните последици од овој „закон за премолчување“ на економските активности во трговијата, се објаснети од Енрико Гјубертони на Базес:

È immorale poiché impedisce de facto ogni forma di critica, è antieconomico poiché impedirà di affermare un principio cardine del Social Media Marketing ovvero il giudizio su un prodotto. Se scriverò che il prodotto A non è bene mentre B è meglio, il produttore di A potrà obbligarmi a rettificare. Come faremo a fare InfoCommerce con l’Ammazza Blog?

Неморално е бидејќи ги спречува сите форми на критицизам, анти-економско е бидејќи ги менува основните принципи на социјалниот медиумски маркет, а тоа е рангирањето на продукти од страна на корисникот. Доколку напишам дека продуктот А не е толку добар, додека продуктот Б работи подобро, производителот на продуктот А ќе побара да се коригира таа изјава. Како може да трагаме по трговија со информации преку оваа одредба за „убивање на блоговите“?

Некои специфични промени за укинување на параграфот за „убивањето на блоговите“ веќе беа соопштени, но поширокиот контекст открива можни нови владини кризи и понатамошни намери за наметнување на ограничувања при демократското изразување на граѓаните. Во секој случај, сите во парламентот молчат. Изгледа дека не никого не му е јасно како и зошто таа мала одредба заврши во предлог-законот за прислушување.

Во блогерски пост насловен “Il legislatore fantasma” (Законодавниот дух), Масимо Мелиса вели:

Ho provato in ogni stanza, corridoio, stanzino ministeriale…nessuno conosce o ricorda chi ha redatto il testo inserito nel “ddl intercettazioni”, nella parte che riguarda Internet.
Ho sfidato il Sig. Nessuno e nessuno ha accettato la mia sfida.
Quindi ci ritroveremo una norma (comma 29 art.1 ddl intercettazioni) pensata da Nessuno, voluta da Nessuno e scritta da Nessuno ma alla fine approvata dal Parlamento italiano.
Inutile gridare al complotto perchè non c’è, si tratta della burocrazia e della politica incapace di tener traccia dei suoi movimenti.

Побарав во секоја соба, ходник, орман во министерството…..никој не знае ниту памети кој ја напишал таа одредба за интернетот во „предлог-законот на прислушување“.
Го предизвикав г-дин Никој и никој не одговори на мојот предизвик.
Па значи ќе имаме закон (пар. 29 од член. 1) изнесена од Никој, посакувана и спроведена од Никој, но конечно изгласана од италијанскиот парламент.
Бесцелно е да се расправа за заговор кој не постои, можеби виновници се бирократите и политичарите кои не се неспособни да го следат својот развој.

АЖУРИРАНО (30 јули): Парламентот одлучи да ја одложи дискусијата за Предлог-законот за во септември.

Италјанскиот тим на ГВО придонесе за оригиналниот пост и преводот за истиот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.