Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Унгарија: „Колку полицајци се потребни за да се уапси еден бездомник?“

„Колку полицајци се потребни за да се уапси еден бездомник?“ беше насловот на постот објавен на блогот на Кетош Мерсе на 11 октомври 2011 год. , во кој имаше и видео на кое може да се видат осум полицајци како апсат бездомник во областа VIII во Будимпешта.

Всушност тоа беше Атила Копиаш, кој блогира под името KA_Steve и кој се преправи дека е бездомник и со помош на блогерите од Кетош Мерсе, сними што се случи, откако се јавија во полиција дека еден бездомник седи на клупа на плоштадот во областа VIII.

Случката покрена голема дебата, откако градоначалникот на областа преку референдум во септември им ги забрани јавните места  на бездомниците. Блогерите ги следеа случките во областа VIII и ја објавија пријавата против некој бездомник за „седење на камен со своите пријатели“.

Регулативата буквално го забранува „престојувањето на јавни места како начин на живот“.  Атила Копиаш им кажа на блогерите од Кетош Мерсе во едно интервју дека се потрудил да не ја лаже полицијата, па така кога тие го прашале дали престојувал на јавно место „како начин на живот“, тој одговорил дека „се случувало и претходно да спијам на јавен простор“.

Тој им рече на Кетош Мерсе:

[…]Немав никаква подготвена стратегија, јас бев едноставно згрозен од фактот што луѓето не се казнувани за нивните дела туку за нивната состојба. Идејата ми дојде од потребата да направам нешто против овој неправеден систем. А и мојот ум не можеше да прифати дека во 2011, во Унгарија, може да се случи некој да биде уапсен и да му бидат ставени лисици за озлогласеното седење/лежење на клупа.[…] Помислив како би било никој да не се грижи за мене и едноставно сакав да видам што ќе се случи.[…]

Коментирајќи ја акцијата, KA_Steve го покрена прашањето- која е разликата помеѓу оној кој прави пикник на јавно место и оној кој е бездомник. Рефлектирајќи го ова, верзија на сликата „Пикник во мај“- оригинално насликана во 19 век од унгарски уметник- почна да кружи на Фејсбук, објавена од корисникот на Tumblr, Prolidepp.

KA_Steve повика на акција на неговиот блог, споделувајќи правни начини за протест против регулативата, која ги казнува оние што живеат на улица, поместуваат контејнери или питачат.

Атила го напиша следново на Кетош Мерсе:

[…] Но, јас сакам тие (бездомниците) да знаат дека има луѓе кои се тука за нив, онака како што сите сакаме некој да не поддржува нас, кога сме во неволја.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.