М.С. Хиџиој е марокански блогер кој е заинтересиран за новите технологии. Во неговиот последен блог тој ја дискутира последната понуда на Yahoo за продажба на Microsoft, Google или AOL.
Дали се сеќавате на дарежливата понуда на Microsoft за преземање на Yahoo (повеќе од 44 билиони)? Yahoo целосно ја одби понудата и неговиот извршен директор истакна дека идејата за продажба не е разгледувана. Yahoo преферира партнерство за рекламирање со Google со цел да придобие дел од онлајн маркетингот, кој скоро целосно е контролиран од Google. Но законите против монопол во Соединетите држави го спречија тоа партнерство. Неодамна, неприметно и без публицитет беше објавено откажувањето.
Тој потоа додава:
Краток период после тоа, извршниот директор на Yahoo изјави дека е време Microsoft да го купи Yahoo. Одговорот дојде брзо од извршниот директор на Microsoft, Стив Балмер: Не. Веќе некое време Yahoo има финансиски проблеми или не постигнува приход колку што е потребно и неговите политики се збунувачки. Без разлика дали реакцијата на Microsoft е конечно одбивање на преземањето на Yahoo или е едноставно тактика за да се намали цената, Yahoo изгуби многу од својата вредност и најверојатно наскоро ќе биде жртвуван од извршниот директор на Yahoo, Џери Јанг наместо да се вложи труд за да се спаси изгубената вредност на Yahoo.
AOL можеби ќе се вмеша, според гласините, за да потпише партнерство за присоединување, но скоро во сите случаи Google излегува со најголема добивка.