Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Иран: Ослободете го Хусеин Деракшан

На први ноември 2009 година беше првата годишнина од затворањето на иранскиот блогер, Хусеин „Ходер“ Деракшан.

Кирус Фаривар, новинар и блогер кој живее и работи во САД, известува дека се сретнал со братот на Деракшан, Хамед, којшто го информирал дека:

Неговите родители имале состанок со новиот јавен обвинител, кој им дозволил да вечераат со нивниот син Хусеин Деракшан во затворот Евин, на четвртокот на 29 октомври 2009. Ова, иако потврдува дека тој се наоѓа во затворот Евин, сепак неговото семејство не знае кога повторно ќе го види.

Иранскиот блогер Џуја, пишува дека Деракшан сè уште е во одделот бр. 325 во затворот на Револуционерната гарда. Според активистите за човекови права, додава Џуја, тој е во самица веќе една година.

Група на ирански блогери реши да додаде „Ослободете го Хусеин Деракшан“ на името на нивниот блог во период од една недела. Фанус Азад вели (фарси):

И јас додадов „Ослободете го Хусеин Деракшан“ на името на мојот блог.

Тој додава:

. . . кога Хусеин почна да ги обвинува другите, престанав да го читам неговиот блог, но сега ги бранам неговите права без да мислам кој е . . . .Хусеин, како и другите човечки суштества, има право на слобода на говорот и мислата.

Парсаневешт бара од блогерите да дејствуваат заедно за да се постигне максимален притисок.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.