- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Бугарија: Масовен протест на Анонимус во Софија завршил со апсења (дополнето)

Категории: Источна и Централна Европа, Бугарија, Граѓански медиуми, Протест

На 5 ноември околу 1.500 луѓе учествуваа [1] во антивладин протест во Софија, организиран од бугарскиот дел [2] на движењето Анонимус. И во други бугарски градови се одржаа помали протести. Собирите беа дел од светскиот Глобален ден на протест прогласен од Анонумус. Резултат од немирите во Софија беше скршена полициска стражарница до Парламентот и апсења (видео [3], на бугарски).

Дополнето: По 2 дена, Анонимус Бугарија објавија видео-изјава [4] (на бугарски) против насилството на протестите од 5 ноември:

[…] Радикални елементи од толпата имаат една цел – да се наруши нашиот организиран настан и да се оцрни нашето име. […]
[…] Нашите протести се мирни, не бараме конфликт со полицијата, ниту сакаме нашите следбеници да станат жртви на полициско насилство[…].