Овој пост е дел од нашата специјална репортажа Eвропа во криза.
По заминувањето на Родриго Рато од функцијата претседател на финансиската институција Банкиа, со повеќе од 1 милион евра трошоци за оштета и без никакво објаснување зошто банката заврши во таква состојба, групи од активисти поврзани со движењето 15М создадоа дигитална платформа наречена 15mparato [es] (што буквално значи “15M за Рато”, но “rato” на шпански значи “некое време”: “15M за некое/извесно време”). Нивната цел со овој дигитален проект е да го следат исландскиот модел и да ги натераат луѓето одговорни за кризата да одговараат, па дури да бидат и обвинети за тоа како ги управувале финансиските институции кои ја предизвикаа тековната социоекономска криза.
Хештагот #nurembergfinanciero (#financialnuremberg) на Твитер, беше направен со цел да ја подигне свеста за причините и виновниците за кризата:
@DRYmadrid: Los crímenes económicos deberían ser tipificados como de lesa humanidad. Esta crisis es producto de un plan macabro
#nurembergfinanciero@DRYmadrid: Економската криза треба да се категоризира како злосторство против човештвото. Оваа криза е производ на злокобен план#nurembergfinanciero@Psicodromo: Se buscan para el
#NurembergFinanciero pic.twitter.com/HeBk24w4@Psicodromo: Се бараат за #Финансиски Нирнберг pic.twitter.com/HeBk24w4
Во меѓувреме се подготвуваше поставувањето на #15MpaRato [es] на Твитер, со цел изложување на јавно мислење на лошото управување од претседателот на Банкиа, сега веќе во оставка и поранешниот претседател на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој исто така рано даде оставка, привлекувајќи доста критики оваа недела.
@madrilonia: Sino es él ¿Quién? Si no es ahora ¿Cuándo? Si no somos todas ¿Quiénes? Desmontando a un estafador
#15MpaRato#hagamoscomoIslandia@madrilonia: Ако не е тој, кој е? Ако не е сега, кога? Ако не сите ние, кои? Симнување на измамникот#15MpaRato#hagamoscomoIslandia (#let'scopyIceland)
Извадок од веб-страната на 15mparato [es]:
Bankia no dura ni dos años; ¿Cómo puede ser que #RR [Rodrigo Rato] deje su cargo sin más, a toda prisa y recibiendo una indemnización millonaria (2,1 millones de euros) sin que nadie haya preguntado institucionalmente absolutamente nada antes, nadie haya pedido ninguna explicación, nadie haya exigido ninguna investigación? La clase política española está de acuerdo en tapar cualquier cosa que haya podido suceder y, lo más preocupante, volverá a hacerlo.
¿Por qué se sigue contando con #RR y su opinión económica si salió del FMI sin acabar su mandato y con un informe demoledor en contra de su gestión en el terrible momento en el que se desencadenó esta “crisis”?
¿Por qué Bankia en su breve existencia bajo la presidencia de #RR ha sido el banco más implacable con los hipotecados damnificados, en cuanto a no permitir las daciones en pago?
Банкиа не постоеше дури ни две години; како е можно #RR [Родриго Рато] да го напушти неговото место туку така, најбрзо што може и со милионски суми за оштета (2.1 милиони евра) без некој од надлежните да праша, да побара објаснување или некој да побара истрага? Шпанската политичка класа се договори да прикрие сè што можело да се случи, а најзагрижувачки е фактот што ќе продолжат да прават така.
Зошто сè уште се потпираа на #RR и неговото економско мислење во ужасното време кога почна “кризата”, кога тој го напушти ММФ без да му заврши мандатот и со деструктивен извештај против неговиот менаџмент?
Зошто Банкиа, во своето кратко постоење под претседателство на #RR, беше најнемилосрдната банка со нејзините отровни хипотеки што се однесува до недавањето дозвола за datio pro soluto (враќање на клучевите на кредиторот и завршување на договорот за хипотека)?
Платформата за граѓански поплаки miniLeaks [es] претстави петгодишен граѓански план (2013-2017) со следниве цели:
- Прва година (2013): Онлајн механизам за собирање информации што секој граѓанин може да ги има за Родриго Рато; легален и информативен механизам. Целта за првата година, на годишнината на 15M: да се постават повеќе од 4000 организирани откриени тајни и сите потребни докази, како и добри шеги, слики и оптички илузии со вистинити информации.
- Втора година (2014): Родриго сега е главна тема на градските муабети. Неговата неказнетост заврши. Сега е неподносливо за него да живее во Шпанија. Родриго е протеран.
- Крај на петгодишниот план, 2017 година: Ако Рато е одговорен за измама на шпанскиот народ (како министер, банкар или во кое било друго својство), ќе се осигураме дека е обвинет врз база на докази.
Овој пост е дел од нашата специјална репортажа Eвропа во криза.