На првиот ваков настан во Грузија, на кој се одбележуваше 17 мај, Меѓународниот ден против хомофобијата, грузиските активисти од ЛГБТ беа попречени од група православни христијани, додека се движеа низ главниот град на Грузија, Тбилиси.
Свештениците кои ја водат Унијата на Православни Родители (УПР) бараа престан на маршот, наведувајќи дека тој ќе доведе до морална изопаченост кај младите генерации во оваа претежно христијанска држава.
Активистите на ЛГБТ одговорија со молба да се тргнат од патот како маршот би продолжил, но кога обидите на свештениците и УПР за убедување на полицијата да го прекинат маршот завршија неуспешно, следеше физичка расправија.
@gabo_ge: პოლიციამ იდენტობის სამი აქტივისტი დააკავა მათ შორის ლევან გერიანიძე
@temuchin22: მმკ ხალხს სცემს და ნაცემი ხალხი მიჰყავთ განყოფილებაში. მიმიფურთხებია ასეთი სამართალდამცავი ორგანოსთვის! მოვითხოვ მმკელების დაპატიმრებას!
@lishtotah: Активизмот на ЛГБТ кој се ограничува на „одржување на првата парада“ само ќе ја засили #хомофобијата во #Тбилиси
@JohnHesslewood: Ако вашиот главен аргумент е „како можете да промовирате нешто вакво на улиците“ тогаш и јас ви го поставувам истото прашање вас, христијани #tbilisi
Овде можете да видите уште слики.
Судирот беше осуден и од многу корисници на Фејсбук, кои ја променија својата слика за поддршка на активистите.