Корпорациите се согласија за стандардите за слободата на интернет

Иницијативата за Глобална мрежа започна. Иницијативата претставува код за однесување на корпорациите во однос на приватноста и слободното изразување, креиран од коалиција на организации за човекови права, развој на медиумите, за истражување и компании за интернет и комуникациски како Yahoo, Google и Microsoft. Нејзината цел: да се увери дека ИКТ компаниите ќе ја прифатат нивната „одговорност за почит и заштита на слободното изразување и правата за приватност на нивните корисници.“

Иницијативата е започната поради учеството на корпорациите во онлајн цензурата, особено во Кина. Беа потребни повеќе од две години за да се креира, а голем дел од времето беше потрошено на составуваше на сет од принципи и механизми за поттикнување на согласност од групите за човекови права и од компаниите.

Ребека Мекинон, еден од основачите на Глобал војсис, учествуваше во работната група и напиша за тоа на RConversation:

Неколку луѓе ми се обратија за да ме прашаат „дали ова нешто има заби“ или „дали ова е нешто повеќе од само прикривање на компаниите за да се откачат од конгресот?“

Организациите како Human Right Watch, Човекови права во Кина, Human Right First И Комитетот за заштита на новинарите немаше да ги загрозуваат своите репутации доколку не мислеа дека е значајно.

Поради ова, иницијативата мора да ја докаже својата вредност во наредните неколку години со имплементирање на значајни и доволни издржливи проекти со кои ќе се оценува и мери придружувањето кон принципите на компаниите.

Лесли Харис од Центарот за демократија и технологија, еден од заседавачите на иницијативата, напиша на нејзиниот блог PolicyBeta:

Иницијативата не тежнее само, него и побарува цврста решителност од компаниите за да вклучат на високо корпорациско ниво поради големата обврска и раководење со ризиците, со водење грижа за побарувањата кои ги добиваат од владата, и поголема транспарентност кон корисниците за влијанието на тие побарувања врз слободата на изразување и приватноста, на сите пазари каде тие работат. Исполнувањето на овие обврски од страна на компаниите ќе биде оценувано преку независен и веродостоен процес за одговорност.

Кинеско/англискиот блог против цензурата, GFW овозможи кратка и јасна листа од цитати од учесниците и  нивните контакт информации.

Не секоја вклучена организација ги потпиша принципите. Amnesty International и Reporters sans frontierеs излегоа од процесот. RSF верува дека иницијативата е „чекор во права насока“, но и недостасува капацитет за спроведување и ги наведува своите загрижености тука. Страницата за потиснување на интернетот на англиската Amnesty не ја дискутираше нивната положба, но има видео од основачот на Глобал војсис, Итан Зукерман, во кое тој објаснува за интернет цензурата.

Во основа, изгледа некои организации се чувствуваат дека тие можат да бидат подобри застапници доколку не мора да се водат по принципи, додека други веруваат дека здружувањето и креирањето на процес за дијалог кој ќе води до значајна промена е многу поважно.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.