Неодамна објавената песна на Јутјуб, од страна на група млади луѓе од Лахоре, постана интернет сензација. Зборовите во песната се полни со политичка сатира, нешто што е редок случај во Пакистан во последните години. Групата која се нарекува бегхаират бригада или бригада на срамот — игра на зборови за спротиставување на популарно познатата „гаират бригада“ или морална полиција кои се познати дека имаат големо влијание во Пакистан. Снимката која беше прикачена во ситните часови од ноќта на 16 октомври, утрото имаше илјадници прегледи.
Зборувајќи со медиумите групата рече дека одлуката да се прикаже видеото на интернет е донесена поради можното одбивање на традиционалните медиуми да прикажат „контроверзна“ содржина. Се докажа дека одлуката се покажа како добра за групата, не само што видеото има над два милиони прегледи на Јутјуб, но исто така го привлече вниманието на традиционалните медиуми глобално, вклучувајќи ги и Би-Би-Си.
Сатиричните зборови заедно со досетливото видео прават совршен рецепт за интернет сензација. Песната допира прашања како теории на заговор и лицемерието на луѓето кои го поддржуваат убиецот Мумтаз Ќадри, кој го уби поранешниот гувернер на Пунџаб, Салман Тасир, и Ајмал Касаб, извршител на нападите во Мумбаи, заборавајќи го Др. Абдус Салам, единствениот нобелов лауреат од земјата, бидејќи тој потекнува од забранета секта на Исламот. Видеото завршува со ироничен но бунтовен тон, каде главниот пејач од групата држи плакат кој вели: Доколку сакате куршум во мојата глава, лајкнете го ова видео.
На нивниот блог, од групата ни малку изненадувачки се претставуваат како силни поддржувачи на слободата на говор и изразување:
Верувајте во хуманост, мразете кога луѓето ви ја вадат на нос религијата, расата, културата или етничката определба.
„Не го одобрувам она што го кажувате, но до смрт ќе го бранам вашето право да го кажете.“
Реакциите на платформите на социјалните медиуми беа микс од екстремни пофалби до брутално осудување:
@LutfIslam: Баш кога некој ќе помисли дека пакистанскиот поп се изеде самиот, доаѓа прекрасната Баигхаират бригада: http://bit.ly/qbRiNb
@Rabeeltariq:@NadeemfParacha: Фрустрацијата на тинејџерите излезе на виделина и тие го избраа најсоодветниот & најдобриот начин да го покренат својот глас.
@Maria_memon: Бејгхаират бригада секогаш ќе биде позната како момците кои конечно рекоа дека императорот нема алишта. http://bit.ly/w12iK8
@boghleharsha: само што го видов алу андеј од бејгхаират бригада. многу интересно. уметноста секогаш ја рефлектира пресвртницата во општеството.
@Zak_: Што е оваа Бејгхаират бригада (Бригадата на срамот)? нова драма на псевдо-либерали…………
@TaimoorMalik : Бејгхаират бригада добива пофалби поради споменувањето на Д-р. Салам – нашиот единствен нобелов лауреат, но ахмадиец! Тоа е неговиот злочин!
@Khandanish_: #Не ви благодарам Бејгхаират бригада за тоа што не прославивте во Индија, со тоа споменување на Ајмал Касаб. Никој не го сметаше него за херој!
Раза Хабиб Раџа пишува:
Како што факелот на политичкиот рокенрол се предава на млада крв, некои од нив конечно имаат храброст да кажат нешто што требаше да биде кажано порано, постои причина да се верува дека под површината, здравиот разум сеуште постои. Добро направено Баигхаират бригада… Ни дадовте надеж…
Повеќето од поднесените навредливи и заканувачки коментари се отстранети од Јутјуб. Како и да е, севкупното влијание на видеото е за пофалба. Обидот на Бегхаират бригадата во политичката сатира постави преседан во користењето на социјалните медиуми за политички активизам.