Во средата рано наутро во Ел Калафате во Патагонија, местото каде што живееше последниве години, од срцев удар почина Нестор Кирхнер, поранешен претседател и сопруг на сегашната претседателка, Кристина Фернандез.
Заради ненадејната смрт на Кирхнер, во текот на денот имаше неколку собири во центарот на Буенос Аирес, и покрај тоа што беше неработен ден заради одржување на пописот. Се очекува бдеењето да се одржи во Casa Rosada (Владината палата), традиционалното работно место на претседателите.
Многумина се огласија на блоговите. На ArtePolítica [шпански], Juan Pablo Cappelli пишува дека огромниот придонес на Кирхнер,
fue devolverle la política a la sociedad, al pueblo. Demostrar que el cambio es posible, descolonizar nuestro pensamiento. Antes pedíamos que se vayan todos y ahora muchos queremos entrar, antes decían “algo habrán hecho” y ahora decimos “hagamos algo”, porque sabemos, ahora mas que nunca, que es la política la única herramienta de transformación de la sociedad
На Los Tres Chiflados [шпански], Larry вели,
Gracias Néstor, ahora voy a despedirte junto al pueblo, en forma de agradecimiento por demostrarme con actitud y hechos que otra Argentina es posible, que la historia puede cambiarse si se tiene coraje y convicciones
На La Ciencia Maldita, Lucas Llach вели,
Pobre Cristina — nuestras humildes condolencias. Ojalá que tenga el ánimo para que el ciclo kirchnerista termine con el balance generalmente positivo que –en el neto de causas y azares de todos colores– tiene de momento
Noticias del Sur [шпански] ги собира изјавите од останатите латино-американски водачи. Во Mide/No Mide [шпански] и Lo que digo y no hago [шпански] посочуваат дека по смртта на Кирхнер, се зголемила вредноста на аргентинските обврзници и акции.
Некои од останатите написи на блоговите: Mendieta el Renegáu [шпански]; Denken Uber [шпански]; República Unida de la Soja [шпански]; Conurbanos [шпански]; Tirando al Medio [шпански]; and Finanzas Públicas [шпански].
На Твитер, „Нестор Кирхнер” беше една од темите од глобален интерес во текот на средата.