4тата конференција на кинеските блогери ќе се одржи на 15-16ти ноември 2008 во Гуангџоу, Кина.
Меѓутоа, во последната година постојано се води дискусија во кинеската блогосфера за тоа дали блог културата се намалува. Освен тоа, од неодамна bokee.com и blogchina.com, првите провајдери на блог сервиси во Кина основани од Fang dong-xing (прекар татко на блоговите), се во финансиска криза. Fang бара начини за инвестирање со цел да го претвори сајтот во мултимедијална платформа.
Во Јули, Маитиан, доста активен блогер изјави дека блогирањето е застарено и реши да се префрли на социјалните мрежи за интеракција со пријателите.
Како активен блогер, во последниве три години, настојував да го обновувам мојот блог „Maitians’s reading life“, скоро секоја недела. Го прифатив моделот „јас медиумот“ и продолжив да пишувам за интернет заедницата и бизнисот. Овој блог ми овозможи некаква репутација и голема посетеност. Меѓутоа, јас сериозно размислувам за дали да го затворам блогот.
Бидејќи блоговите стануваат застарени.
Покрај фактот дека повеќето независни блогерски платформи се победени од големите интернет компании, како SINA, интерактивниот аспект на блогирањето не може да се замени со други алатки, како на пример QQ. Меѓутоа најголемиот предизвик е растењето на популарноста на сајтовите за социјални мрежи.
Сега чувствувам дека социјалните мрежи, претставувани од Фејсбук ќе го уништат блогот – социјалните мрежи кога се разгледуваат од аспект на функцијата како медиум и интерактивноста се многу поефективни од блоговите. Ако кажеме дека блоговите им овозможуваат на нетизените да го искажат своето мислење, социјалните мрежи ќе постигнат интер-субјективност помеѓу нетизените.
Освен овој пост, блогерот престана да пишува на неговите блог и се префрли на три сајтови за социјални мрежи. Меѓутоа, неговиот напис често се цитира како објаснување за неодамнешната бизнис криза на провајдерите на блог услуги во Кина.
Вилијам Лонг, уште еден познат кинески блогер за технологија, исто така се навраќа на написот за да го коментира неодамнешното исклучување на многу сервиси поврзани со блоговите во Кина.
Она што го гледаме е: провајдерите на блог сервиси и сите сервиси поврзани со блогови полека исчезнуваат, блоговите ги поминаа своите златни денови и започнаа да чекорат кон темната иднина. Главната причина поради тоа е дека сервисите за блоговите не можат да заработат.
Зошто не можат да заработат? Содржината на блоговите е поквалитетна од онаа на социјалните мрежи, Твитер, Диг. Тие би требало да добиваат приход од огласи. Меѓутоа, во моментов, приходот на блогерите е премногу мал. Во основа, тие зависат од Google AdSense. Што значи нивниот профит зависи од Google.
Кога Google настапи на сцената, создаде огромен број на алатки за блогирање, како што се google reader, feedburner, blogsearch итн… кои го уништија сонот на другите провајдери на блогерски сервиси за профит додека Google имаше монопол на пазарот.
Меѓутоа, тој е пооптимистичен за иднината на блогот и не се согласува дека социјалните мрежи ќе го заменат:
Блогот е поотворен и поиндивидуален, а неговата содржина е многу поквалитетна. Социјалните мрежи се позатворени, особено кон пребарувачите. Тоа е спротивно на отвореноста на блоговите и го попречува ширењето на информациите. Многу е тешко да се рашири добар напис преку социјалните мрежи. Сега повеќето мрежи во Кина го копираат Фејсбук, што е ќорсокак. Најдобрата социјална мрежа е QQ од Tencent, но нема да најдете сличности помеѓу Фејсбук и QQ. Најсмешно е што Tencent никогаш не де декларирал како социјална мрежа.
Блогерот заклучува дека неуспехот на провајдерите за блогерски сервиси и другите сервиси поврзани со блоговите не е крај за блогот, бидејќи од друга страна блогерите можат да започнат свои сопствени блогови.
Да почекаме и да видиме што ќе кажат кинеските блогери на кинеската блогерска конференција.
2 коментари
Што се нетизени?
Жител на интернет. Internet+citizen = netizen (http://mk.wikipedia.org/wiki/Нетизен)