Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Македонија: Користете го Фејсбук ако сакате да флертувате со политичарите

Во националниот весник „Вест“ на насловната страница беше објавен напис „Флертувајте со политичарите на интернет“, во кој се вели дека доколку граѓаните на Македонија сакаат да разговараат со политичарите тоа може да го направат само преку некоја од социјалните мрежи:

Ако македонските политичари не можете да ги најдете во нивните канцеларии, во министерствата или во партиските седишта, речиси сигурно ќе ги најдете на Интернет сајтовите за дружење. Голем дел од нив се присутни со свои профили на најпознатата светска веб-страница за дружење Фејсбук.

Ни македонските политичари не останаа имуни на Фејсбук вирусот. На оваа глобална мрежа за дружење се министерот за евроинтеграции Ивица Боцевски, шефицата на МВР Гордана Јанкуловска, министерот за информатика Иво Ивановски, поранешната лидерка на СДСМ Радмила Шеќеринска, министерот за странски инвестиции Веле Самак и неговиот поранешен колега Глигор Ташковиќ. За дружба на Фејсбук се и преговарачот за името Никола Димитров, лидерот на ДПА Мендух Тачи, ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски, македонската амбасадорка во Хаг Шпреса Јусуфи, поранешниот министер за екологија од ДПА Имер Алиу, експремиерот Љубчо Георгиевски, шефот на НСДП Тито Петковски и поранешниот пратеник Филип Петровски кој важи за еден од најинвентивните фејсбукери.
[…]

Неколку блогери го објавија написот и ги оставија своите читатели да го коментираат. Блогот Комуникации објави пост во кој ги наведе своите аргументи за овој пост:

[…]

  • класичните медиуми засновани на централизирачки принципи (центрите на моќ имаат нешто да ви соопштат) се уште не ја перципираат децентрализирачката природа на новите медиуми и немаат абер да зборуваат за тие теми. Од таму и ваква тема, „политичарите биле на Фејсбук“! Е голема работа што биле на Фејсбук. […]
  • Она за што еден посериозен весник треба да пишува е како нашите политички елитистичари не ги користат потенцијалите на новите медиуми за комуникација со пучанството. Како и покрај толку материјални можности, советници, успешни примери од странцтво и слично, кај нас тоа некако е многу скромно, како да чекаме да ни дадат некој бенчмарк за пристап кон ЕУ да биде и користење на социјалните мрежи
  • И конечно, last but not least, една благополезна споредба, дур Дора Бакојани социјалните мрежи ги користи за ширење на својата политика, нашите пак ги обичаат само како места за дружење. Податоците за тоа како Дора Бакојани е мошне добра сурферица (Flickr, Twitter, Facebook, Web Page…) се појавија на нeколку места во нашава онлајн сфера, но никој него исперципирса тоа како нешто посебно значајно, а јас си викам au contre, au contre…

На Антиблогот на Филип Петровски, кој исто така го објави написот од весникот, Ѓуровски го остави следниов коментар:

На политичарите, ваквите „профили“, „блогови“, „акаунти“, најчесто им ги одржуваат партиските послушници и секаква интеракција со нив е смешна и залудна.

Затоа не се лажете и „ложете“ ко млади мајмунчиња, затоа што наместо Шеќеринска или Брат Љубе, од другата страна сигурно е некој дечко што кога си ги врши обврските на профилот на својот наредбодавец сигурно се кикоти и се прашува – „Со кои дебили си имам работа“!

На Кајмакот беа дадени и неколку предлози за решавање на спорот за името со Грција кои произлегоа како идеја од написот:

Можеби Македонија2.0 не е лошо предлог име? 😉

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.