Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Унгарија, Србија: Трагедија на границата

Овој викенд неколку унгарски и српски медиуми го посочија дневниот весник на Приштина, Коха Диторе (албански) дека има конкретни информации за нелегално преминување на границата овој месец. На една унгарска веб-страница лоцирана во Србија, Magyar Szó (унгарски), стои дека, според Коха Диторе, Исмет Р., осомничен за илегално пренесување на група косовски Албанци, бил уапсен на Косовска Митровица. Најголемиот број на известувачи велат дека 15 луѓе се удавиле во реката Тиса во обид да ја преминат границата, но единствениот возрасен преживеан, Аргон Рама, признал дека групата се состоела од 19 луѓе (српски, англиски).

Според еден првичен извештај (унгарски), објавен од една веб-страница во јужна Унгарија, Délmagyar.hu (унгарски), за случајот на 15 илегални имигранти кои исчезнале во Реката Тиса на унгарско-српската граница, еден член на групата кој сакал да ја премине реката, татко на двегодишно момче и тригодишно девојче, бил оној кој повикал полиција од една јавна говорница кај пограничното село Роске, утрото на 15ти октомври.


Поголема мапа

Ксаба Балинт, блогер на Serbia Insajd (унгарски), користејќи го извештајот на Délmagyar.hu, коментирал за случајот, а исто така дал предлог да се започне истрага особено на врските помеѓу Унгарија и Косово:

[…] Дете, дете, помош! Тоа е она што косовскиот Албанец, чии деца за малку ќе се смрзнеле во Реката Тиса, постојано повторувал една ноќ во обид да избега во ЕУ. Ако некому не му е позната приказнава, ќе ја раскажам накусо. […]

Чудакот отишол до таму што убаво му платил на еден шверцувач на луѓе, која таму е трендовска професија, и ќе биде што ќе биде, тој ќе влезе во новиот свет во Сегед. Не помислил на фактот дека неговите деца ќе ги наврне ноќта и дека ќе бидат преморени поради пешачењето по шума. Кога човекот видел дека проблемот е голем, ги оставил децата на октомврискиот дожд и отишол да побара помош.

Децата одвај дишеле кога ги нашле. Двегодишно и тригодишно дете, само да ве потсетам! Тие целосно биле прекладени. Едно дете на еден престапник паднало во кома, но сега се чувствува подобро. Иако тие се извлекле здрави и живи, приказната е тажна. Тажна, но и ве доведува до размислување. Барем се покренаа неколку прашања од нејзе.

Зошто од независна и слободна Република Косово, стотици независни и слободни граѓани бегаат? Веројатно, зашто не е лесно да живеете во ’демократија‘ заснована на деликвенција? Кажете и на некоја друга независна држава во Европа од каде многумина слободни луѓе доаѓаат нелегално секоја недела! Веројатно, државите што брзаа да ја признаат Колумбија на Балканот повеќе не се трудат толку за да ја направат државата вистинска држава? Ако 29 годишен човек со две мали деца тргнал по шумата ноќе среде октомври, тогаш, морам да кажам: не.

Во следната епизода ќе видиме што Унгарија, големиот европски пријател на Косово, направи за луѓето што живеат таму да не мораат да бегаат на Запад. […]

Balkan Insight објави дека мисијата за владеење на правото при ЕУ, ЕУЛЕКС, косовската полиција и унгарските власти го започнале спроведувањето на истрагите. Според веб-страницата, мигрантски семејства плаќале од 6000 до 8000 евра за да отидат во Унгарија. Наспроти медиумот Коха Диторе, Balkan Insight известува дека до сега нема уапсени.

До понеделникот, Magyar Szó, (унгарски) објави дека едно тело било пронајдено на Унгарската граница кај реката Тиса, а тела на две жени биле пронајдени на српската граница. Едно од телата и припаѓало на сопругата на Аргон Рама која била мајка на неговите деца.

Габор Наги, унгарски миграциски полицаец, исто така коментирал (унгарски) за случајот на неговиот блог, изразувајќи неразбирање зошто Албанците толку очајно бегаат од Косово.

[…] Секако во вакви случаи секогаш се поставува прашањето, дали родителите се толку невнимателни што тргнуваат со бебиња кон ’големиот свет‘ или ситуацијата е толку лоша во Косово? Треба да се спомне и дека никој не ги брка од Косово, бидејќи тие ја ’стекнаа својата независност‘. Барем на хартија. А, исто така, не треба да се заборави дека овие луѓе бегаат со помош на шверцери на луѓе за дебели суми пари. Но, ако земеме предвид дека не е Унгарија местото каде што сакаат да бегаат, имам негативно мислење за тоа како стојат работите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.