Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени ја погоди Турција пред неколку часа. Се смета дека можеби 1000 луѓе се мртви од земјотресот, кој најсилно го погоди Ерџис, планинската провинција на Ван, блиску до иранската граница.
Корисниците на Твитер, ги проверуваат најблиските и разменуваат вести за бројот на жртви како и за хуманитарната помош и напорите за спасување.
Селин споделува живописни слики од земјотресот кој го погоди Ван, преземени од репортажа во телевизиските вести:
@Selintellect: Живописни слики од #Van во Турција #earthquake
Во следните твитови, таа не доближува до разурнувањето:
@Selintellect: CNN TURK во моментот прикажува слики од колабирана зграда на 8 спрата, според проценките 50-90 луѓе се заглавени во урнатините #Van
Таа додава:
@Selintellect: Човек плаче на коленици „Мојата сопруга и 4 месечно бебе се таму, мојата жена и бебе“ – #Van
Селин продолжува:
@Selintellect: Локалните жители во #Van се организираа, со лопати а некои со голи раце, копаат во урнатините за да ги пронајдат жртвите од земјотресот
Бројот на жртви, иако не е финален, продолжува да расте.
@Selintellect: Досега 10 мртви, 60 повредени во земјотресот со јачина од 7,3 степени, во областа Ерџис во #Van
@Selintellect: Вкупно 80 згради се срушија во областа Ерџис во #Van, бројот на мртви се очекува бргу да се зголеми #Turkey
Рувајда Мустафа вели дека бројот може да биде многу поголем.
@RuwaydaMustafah: 10 потврдени мртви, но уште најмалку 1000 се очекува да бидат потврдени. Многумина се заглавени во згради + дузина повредени #earthquake #Turkey
Оваа бројка е потврдена од новинските агенции.
Турчинката Есра Дограмаци објаснува:
@EsraD: Ван е претежно во ред, телефонските линии се паднати. Многу малку згради се срушија. Провинцијата Ерџис претрпи најголема штета.
Таа додава:
@EsraD: Турската Црвена полумесечина испраќа 1162 шатори, 1000 греалки, 4250 ќебиња, 500 прибори со залихи #deprem #Van #earthquake
Цитирајќи ги првичните проценки, таа твитна:
@EsraD: Наводно 25-30 згради се срушија вклучувајќи 1 студентски дом #Turkey #earthquake #deprem
JYJТурција не потсетува:
@JYJTurkey: За жал нема доволно екипи во #van за да им помогнат на луѓето, па сите чекаат помош од друг град.#prayforTurkey
Во меѓувреме, луѓето ширум светот се загрижени за своите најдраги.
Енди Карвин од NPR твитна:
@acarvin: Толку сум загрижен за мојот пријател во Ван RT @richardengelnbc: #Turkey, слушам многу жртви во земјотрес во близината на Ван на истокот. Стотици. Телефонските линии не работат
На Јутјуб, корисникот Onur1301 сподели снимка од моментот кога земјотресот го погоди Ван: