- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

SketchPAN: Свет без зборови

Категории: Источна Азија, Јужна Кореја, Младина, Образование, Технологија, Уметност и култура

SketchPANНа кој начин се изразувате онлајн? Зборови, фотографии, клипови или цртежи? До сега беше тешко за некои од нас да цртаат онлајн, но сега со SketchPAN [1] тоа ќе биде многу полесно. Овој сајт, оригинално на корејски, започна во февруари 2008. Англискиот сервис е овозможен од август и привлече многу посетители од САД, Јапонија, Кина, Виетнам, Бразил и многу други. Во „светот без зборови“, јазикот повеќе не е бариера за луѓето низ светот. Корисниците покрај креирање, реагирање и интеракција со другите преку нивните цртежи, можат да научат како да цртаат. Добивме шанса да зборуваме со Бора Ли, глобален маркетиншки стратегист  во SketchPAN.

Што е SketchPAN?

Со SketchPAN ние нудиме платформа и интуитивни алатки со кои им овозможуваме на корисниците да креираат безбројни и уникатни содржини кои се разликуваат од останатите текстови, фотографии и видеа.

Нашите алатки за цртање и анимација им помагаат на корисниците да ја пречекорат границата на нивната имагинација. Корисниците наскоро ќе имаат можност и да ги погледнат новите игри со цртање.

Покрај сево ова, нашиот сајт им овозможува на луѓето од целиот свет да споделуваат и комуницираат преку нивните визуелни креации со нашиот уникатен социјален сервис.

Која беше мотивацијата за да се започне SketchPAN?

Ју Ким, раководителот и  основачот на SketchPAN се почувствува празно гледајќи одлични дела од талентирани студенти како постануваат само школски проекти. Тој сакаше да креира платформа за да им помогне да ја изразат својата креативност на интернет и да ја споделат со пријателите од целиот цвет.

Кои се креативните начини за користење на овој сервис?

SketchPAN, „pan“ значејќи табла на корејски, ги овозможува следниве сервиси: DrawingPAN (панел за цртање), AminationPAN (панел за анимација), TogetherPAN (заеднички панел) и ShopPan (панел за пазарување). DrawingPAN го снима и повторува процесот на цртање. AnimationPAN им дозволува на корисниците едноставно да креираат анимација. TogetherPAN овозможува колаборативно работење. ShopPan овозможува готови фотографии кои може да се искористат за позадина. За крај, MyPAN е персонална страница каде корисниците може да ги следат коментарите од пријателите на креациите и фотографиите.

Дали имавте некои неочекувани искуства од корисниците?

Нашата иницијална таргет група за сервисот беа уметници или луѓе кои се заинтересирани за уметност; меѓутоа, за време на тест периодот, забележавме дека децата и родителите покажуваат огромен интерес за нашиот сервис. Дури сега голем дел од корисниците на SketchPAN се деца, кои постојано креираат многу уникатни и забавни содржини.

Нови и креативни начини секогаш постојат. Едукаторите, децата, родителите, студентите и многу други се очекува да имаат корист од SketchPAN, но постојат многу можности. Започнете да го мрдате вашиот глушец и започнете со вашиот онлајн приватен час за цртање денес.