- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Документирање на онлајн протестите против цензура

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Закон, Медиуми и новинарство, Политика, Протест, Слобода на говор, Човекови права

На 9 октомври 2012 г. скоро 200 македонски веб-сајтови учествуваа во еднодневното затемнување во знак на протест против елементите кои поттикнуваат цензура (mk [1], en [2], sq [3]) кои Владата ги има „провлечено“ во Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, претставен како одобрен од ЕУ и Советот на Европа [4]. Активистите од Слободен софтвер Македонија [3], кои обезбедија ЈаваСкрипт-код за иницијативата за затемнување, ја документираа [5] на нивниот вики.