Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бразил: Создавање на можности за живот по затворот

Во 1990 година, Роналдо Монтеиро беше осуден поради киднапирање и изнудување и казнет на 28 години затвор во Бразил. Додека ја отслужуваше својата казна, Монтеиро и некои други затвореници беа загрижени за нивните семејства додека се тие отсутни. Како решение на оваа ситуација, тие направија работилница во затворот каде рециклираа и продаваа хартија. Дел од профитот беше искористен за подобрување на нивната опрема, а остатокот беше поделен помеѓу нивните фамилии. Така започна проектот Uma Chance (Шанса).

Центарот за дигитална инклузија (ЦДИ) започна да нуди кратки курсеви за информатичка технологија на затворениците. Монтеиро се вклучи и учеше брзо; набргу беше поканет да предава. Проектот се прошири во други поправни домови, а членовите на семејствата беа исто така поканети да учествуваат.

Во овој документарец од Продукцијата Миксер, Монтеиро објаснува како тргнал по други патишта од затворот и го променил својот живот (преводи на англиски):

Event to celebrate the third year of ‘Growing up with Citizenship' at CISC. Photo by Danny Silva, used with permission.

Настан за да се прослави третата година од „Растење со граѓанството“ на ЦИСЦ. Фотографија на Дани Силва, употребена со дозвола.

Во 2002 година, додека сеуште затворен, Монтеиро го создаде Центарот за социјална и културна интеграција познат како ЦИСЦ-Uma Chance, кој нуди курсеви за ИТ и рециклирање на заедниците од Трибобо, во Сао Гончало, во Големиот Рио де Жанеиро. Тие работат на создавање можности достапни за повеќе луѓе, бидејќи ЦИСЦ развива активности за готвење, граѓанска свесност, здрав животен стил и подготовка за универзитет.

 

Во 2003 година, Монтеиро беше пуштен на условна.

Нови почетоци

Во 2006 година, Монтеиро отиде еден чекор понатаму и создаде имресивен Incubadora de Empreendimentos para Egressos (ИЕЕ) (Инкубатор за мали бизниси за бивши затвореници). Целејќи кон социјална реинтеграција на млади престапници, затвореници и поранешни затвореници, инкубаторот поттикнува идеи со динамички часови за претприемачки вештини и менаџмент. ИЕЕ се обидува да го прекине циклусот на повторување на прекршоците, нудејќи им шанса на мажите и жените кои се честопати одбиени од општеството.

Проектот доби поддршка од Петробрас уште од 2006 година, и стана партнер со Ашока, Мек Кинси & компанијата и неколку универзитети. Поради неговата работа, Монтеиро беше именуван како член на Ашока.

Ronaldo Monteiro talking to participants of IEE. Photo by Danny Silva, used with permission

Роналдо Монтеиро им зборува на учесниците на ИЕЕ. Фотографија на Дани Силва, употребена со дозвола

Како што вели Монтеиро во горенаведениот документарец, сериозните проекти „ги трансформираат животите и ги мотивираат луѓето да работат“ наместо да прибегнат кон криминал и вооружено насилство. Во презентација за TEDx Sudeste во 2010 година, Монтеиро објасни дека рехабилитацијата треба да вклучува образование, можности и поттик за да го следат сонот.

Казнениот систем во Бразил постојано е предмет на критики од страна на групите за човекови права. Во извештај од Амнести Интернешнал од 2010 година, се вели дека затворениците „и понатаму се држат во сурови, нечовечки или деградирачки услови“, често соочувајќи се со преполни објекти.

Кога затворениците се ослободени, тие носат тешка стигма, и суровите искуства од затворот тешко придонесуваат за нивната рехабилитација. Но, со соодветен мотив и инспирација, затворениците можат да најдат можности за нови патишта и повторно да ги изградат своите животи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.