Глобалните видео блогери се натпреваруваат за наградата „Најдоброто од блоговите“

„Најдоброто од блоговите“ (BOB – Best of Blogs), натпревар на Дојче Веле за онлајн продукти: блогови, подкасти и видео блогови веќе ги избра 176те номинирани за 16те различни категории. Во категоријата за видео блогирање, учесници од различни делови на светот се натпреваруваат за честа да бидат прогласени за најдобри во нивната категорија, а гласачите ќе имаат можност до 26ти ноември да го изберат својот фаворит. Следуваат неколку од номинираните, без некој одреде редослед.

Во последните неколку години, колумбискиот видео блогер Алехандро Ангел живее во Шпанија и го снима своето искуство од февруари 2007 на својот видео блог Armadillo TV. Следува рекапитулација преку 4000 фотографии од неговите изминати 4 години:

Bebin TV е проект на Ирачанец кој живее во Калифорнија, кој преку интернет прикажува серии и претставува телевизиски канал. 56те епизоди од серијата Bebin Office се нивна персиска верзија на популарната американска и англиска телевизиска серија The Office. Тие имаат и неколку клипови за туризам, шопинг и вести.

Хип-хоп артистот ДЏ Џеј Смут рапува за политика, економија и моментални настани на својот видео блог Ill Doctrine. Во следново видео тој ја покажува соработката помеѓу хип-хоп артисти од повеќе земји, кои рапуваат заедно на 3 различни јазици:

Видео граѓанскиот новинарски проект Voices Of Africa е исто така номиниран. Проектот им овозможи на новинари од 33 различни земји во Африка мобилни телефони или мали дигитални камери за тие да можат да снимат настани и да ги постават преку мобилен или интернет на сајтот AfrikaNews.

Mostafa al Baqali од Мароко го прикажува животот во неговиот град, фокусирајќи се на приказните на луѓето кои живеат таму. Последниот приказ ни покажува неколку од животните предизвиците на Мароканецот Абдул Латиф:

New Lumiere е руски видео блог кој ги следи пристигнувањата на возовите во различни руски градови.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.