Од 2011 година па наваму, фотографот Едвин Ку ги фотографира патниците кои го користат експресниот железнички превоз во Сингапур („Mass Rapid Transit“) за да „наслика колективен портрет на општеството“.
Поточно, тој „го доловува секојдневниот театар што се случува пред вратите на возовите“ каде патниците се „турнати до самиот раб“ заради пренатрупаноста во возовите. Вкупно има околу 2.8 милиони патници и многу од нив бараат владата да ја подобри ефикасноста на возовите.
I photographed people who were forced to the edge of the train doors to show how dire the situation was. These photographs were born from a sense of frustration and alienation.
The crowded trains presented an ever-changing theatre each time the doors opened and closed, revealing interesting protagonists, diverse lives and a myriad of emotions. The camera gave me a chance to see what my eye would have missed – a collective portrait of Singapore, always in transit.
Фотографирав луѓе кои беа принудени да стојат на вратите од возовите за да покажам колку е лоша ситуацијата. Овие фотографии произлегоа од чувството на фрустрација и оттуѓување.
Полните возови се како театар во кој при секое отворање на вратите се менуваат нови ликови, откривајќи интересни протагонисти, различни животи и безброј емоции. Фотоапаратот ми овозможи да го видам она што пропуштив да го видам со свои очи – колективен портрет на Сингапур, секогаш во движење.
Едвин објаснува зошто фотографира непознати луѓе и ги моли сопатниците за разбирање:
This is the nature of the project: candid, transient, no encore, no recourse – until now. All the photographs made are, in one way or another, you and me. We are all commuters, all 2.8 million of us.
…the photos of Transit are not acts of self-gratification, not weapons of malice, and definitely not tools of instantaneous incrimination. They are a collective portrait of the society that we live in today.
Ваква е природата на проектот – искрена, минлива, без бис, без друга алтернатива – сè досега. На фотографиите сме јас и ти, на еден или друг начин. Сите сме патници, сите 2.8 милиони од нас.
… фотографиите во „Транзит“ не се за лично задоволство, не се оружје на злобата, и дефинитивно не се алатки за инкриминирање. Тие се колективен портрет на општеството во кое живееме.
Подолу се прикажани некои од фотографиите што Едвин ги постави на „Фејсбук“.
Фотографиите од Едвин се собрани во книга наречена „Транзит“. Едвин ги уверува читателите дека тој нема да има никаква заработка од книгата.
Сите фотографии се од „Транзит“, искористени со дозвола. Некои од фотографиите можат да се отстранат на барање на патниците.