Палестина: Во сеќавање на авторот на политички карикатури Наџи Ал-Али

Денеска, [22 јули] се навршуваат 25 години од убиството на палестинскиот политички карикатурист, Наџи Ал-Али, познат по неговите критики упатени кон автократскиот режим на арапските држави и на Израел.

” 25 години од убиството на Наџи Ал-Али”
фотографија: Фејсбук страница „Handala”

Ал Али е роден во селото Шарџа во 1936 година или во 1937 година. За време на арапско-израелската војна во  1948 година, која избувна како последица од создавањето на израелската држава, Ал Али беше меѓу стотиците илјади Палестинци кои беа прогонети од своите домови. Тој, заедно со своето семејство, се пресели во камп за бегалци во јужен Либан.

На овој ден во 1987 год. во Лондон, Ал Али беше застрелан во главата. Како последица на тоа, тој помина пет недели во кома пред да им подлегне на повредите.

По повод 25-годишнината, граѓаните од Палестина и целиот арапски регион  му одадоа почит на Ал Али, преку споделување на неговите карикатури и цитати.

Хандала:

Handala writing on the wall: "Revolution until Victory"

Хандала, напис на ѕидот: “Преку револуција до победа”
Карикатура од Наџи Ал Али

Неоспорно е дека Хандала на Наџи Ал Али е вонвременска ѕвезда. Преку Хандала, Ал Али ги критикуваше и исмеваше арапските лидери и општества, Израел и вмешаноста на САД во арапскиот регион.

Корисник на Твитер Yousef M. Aljamal објавуваше цитати на Наџи Ал Али од Хандала. Следуваат дел од објавите:

@YousefAljamal:
„Го нацртав како дете кое не е убаво; косата му е како на бодликаво прасе кое ги користи боцките како оружје “, #Handala #NajiAlAli

@YousefAljamal: „Рацете му се поставени зад грб како симбол за неприфаќање во време кога ни се нудат решенија во американски стил.“ #Handala

@YousefAljamal: „Хандала се роди како десетгодишник и секогаш ќе остане десетгодишник.“

@YousefAljamal:
„На таа возраст си заминав од татковината, а кога ќе се врати, Хандала сѐ уште ќе има десет години, и тогаш ќе продолжи да расте“

@YousefAljamal:„Законите на природата не важат за него. Тој е единствен. Работите повторно ќе се вратат во нормала, кога ќе им се врати татковината.“

@YousefAljamal: „Им го претставив на сиромашните и го крстив Хандала како симбол на огорченост.“

@YousefAljamal: „Најпрвин, тој беше дете од Палестина, но неговата свест се разви на национално, глобално и хумано ниво.“

Вонвременски карикатури:

Хандала свртен со грб кон читателот. На гробот стои „Мислам, значи постојам“. Уште една бесмртна карикатура од Наџи Ал Али- споделена од Твитер-корисник @CultureofFear

Ал Али е мртов, меѓутоа неговите карикатури останаа бесмртни и вонвременски.

@iFalastenya: قتلوه ولكن حنظلة ما زال حيٌ يرزق. ‎‫#ناجي_العلي‬‏
Го убија [Наџи Ал Али], но Хандала се уште е жив
@ZahretTshreen ‪#‬‫ناجي_العلي‬ أصبح بتنبؤاته قائدا لكل شباب ‪#‬‫فلسطين‬ حتى بعد رحيله بربع قرن .. مازالت رسوماته تحكي واقعنا المرير pic.twitter.com/WO6C17WR
@ZahretTshreen: Со неговите предвидувања, Наџи Ал Али стана лидер на палестинската младина по 25 години од неговата смрт… Неговите цртежи сѐ уште ја раскажуваат приказната на суровата реалност во денешно време

Низ годините, Хандала претставуваше симбол за отпорот на палестинскиот народ и правото за враќање.

@occupytheory: #Handala продолжува да пружа отпор / حنظلة لا يزال يقاوم / #OWS #globalsolidarity #Syria #Egypt #Palestine #Bahrain #Yemen #Libya #Tunisia #Greece

@__Hossam: رحم الله من رسم حنظلة … حنظلة يا ‪#‬‫ناجي_العلي‬ مازال ينتظر العودة , ومازال ينتظر القدس , ومازال ينتظر وطن محرراً يحتضنه …
Нека почива во мир креаторот на Хандала…Ох Наџи Ал Али, Хандала сѐ уште го чека враќањето [дома]…сѐ уште го чека Ерусалим и сѐ уште чека да се врати во ослободена татковина каде ќе биде прифатен.

10-годишното момче исто така го застапува и обичниот арапски граѓанин.

Mohamed Diaa од Египет објавува:

#Handala ги одразуваше страдањата на арапскиот народ за време на диктаторскиот режим. RIP #NajiAlAli

Кој го уби Наџи Ал Али?

Сѐ уште не е познато кој го уби Ал Али, но постоеја шпекулации дека Израел е вмешан.

@NadeenR: твитна:

#Israel не стравува од оние луѓе со оружје в рака тукуод оние со пенкало в рака. RIP Наџи Ал Али. #Palestine

Меѓутоа, Ал Али не го критикуваше само Израел. Критиките упатени кон автократските арапски владетели и палестинската ослободителна организација, беа исто така често застапени во неговите карикатури.

„Тој ги критикуваше сите, ми рекоа, Израелците, ПОО [Палестинската ослободителна организација], арапскиот режим. Никој не знае кој го убил. Сите имале мотив“ – напиша комичарот и новинар Џо Сако за Наџи Ал Али вововедот на книгата Дете во Палестина.

Светот можеби никогаш нема да дознае кој стои зад убиството на Наџи Ал Али, но светот секогаш ќе се сеќава на него и на неговиот впечатлив лик, Хандала.

За повеќе информации поврзани со Наџи Ал Али, и неговите дела на англиски јазик, погледнете го овој  PDF документ подготвен од страна на арапско-американскиот уметник Fayeq Oweis.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.