- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Милион твитови – егзистенцијалистичка пародична песна

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Музика, Уметност и култура, Хумор

Блогерката Искра_Иискрич [1] се осмели да ја адаптира класичната рок-нумера од групата Архангел [2] на новата дигитална реалност, креирајќи нова песна [3] за твитерџиството.

Милион твитови

Зар веруваш во мене
Твитерџија што ги нуди
сите можни твитови.

И веќе одамна, тоа не сум јас
тоа е некој што те следи
и ужива во твитање.

Рефрен:

Секој обид да ме следиш
ќе ти се врати како ретвит, како добар меншнинг.
Јас сум човек кој, живее од твит
кој се плаши да те тролне.
Не знам дали остана, бар малку фејзбук во мене
или се исчезна во хаштагот.

Радосен, неуморен, твитам опасно
за мојте милион фоловерс.
Единствен е разлог да
продолжам да живеам
и нема начин да ме промениш,
се што можеш е да ме ретвитнеш.

Не мисли колку сум променет
и дека надвор имам се што ми е потребно.
Погледни! Ќе видиш само еден обичен смртник
за твитап и револуција.

Рефрен: Секој обид да ме следиш….

Пародијата благо ја пренесува мрачната атмосфера од оригиналните стихови [4] на Ристо Вртев, објавени како популарна песна на албумот „Архангел 2“ од 1993 година.

Милион долари

Зар веруваш во мене?
Јас сум привид што ги нуди
сите можни облици.
И веќе одамна тоа не сум јас
Тоа е некој што ме глуми
и ужива во досада.

Не мисли колку си љубела
и дека љубовта е се што ти е потребно.
Погледни! Ќе видиш само еден обичен смртник
без концепт за револуција.
Секој обид да ме љубиш
ќе ти се врати како казна,
како горка измама.

Јас сум човек кој живее во страв,
кој се плаши да те допре.
Не знам дали остана
бар малку љубов во мене,
или се исчезна во времето.

Осамен и уморен трагам очајно
по моите милион долари,
единствен разлог
да продолжам да живеам.
И нема начин да ме промениш,
се што можеш е да ме убиеш.