Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Аргентина: Диего Марадона назначен за нов тренер на националниот тим

Фотографија од ЈМРобледо користена под Криејтив Комонс лиценца

Фотографија на ЈМРобледо користена под Криејтив Комонс лиценца

За секој Аргентинец кој патува низ светот, секој разговор со локален жител обично вклучува и споменување на едно презиме: Марадона. Диего Марадона сигурно е најпознатиот Аргентинец во светот и се што прави обично станува важна вест. Сега е уште поактуелен, бидејќи е назначен за иден тренер на Аргентинскиот национален фудбалски тим. После оставката на Алфио Базиле предизвикана од очајните резултати, Аргентинската фудбалска федерација остави многумина во исчекување со долгото избирање на кандидат. Многу Аргентинци се оставени да се прашуваат како најдобриот фудбалер играч ќе се покаже како тренер и би обезбедил квалификација на земјата за Светскиот куп во 2010.

Во блогот E-Blog [шпански], Леандро Занони ја брани одлуката и вели:

La Asociación del Fútbol Argentino (AFA) hizo justicia con la historia. Nadie hoy por hoy merece el puesto más que Diego…Grondona se dio cuenta de que hoy la selección necesita otra cosa, un golpe de timón, un motivador y un líder a quien respetar y no tanto título local acumulado.

Аргентинската фудбалска федерација ( АФА – иницијалите во Шпанија) на овој начин направи историја. Не постои друг човек денес којшто го заслужува ова место повеќе од Диего…Грондона (Претседателот на АФА) сфати дека на националниот тим му треба нешто друго, некој што ќе превземе одговорност, мотиватор, некој кој е почитуван, а не некој кој што има освоено многу локални титули.

Одбрана за Марадона има и на англиски на World Cup Blog.

Од друга страна , блогот BlogBis [шпански] го критикува назначувањето на Марадона за тренер и вели дека имало и подобри кандидати:

Sobran entrenadores capacitados y profesionales en el país. Pero no se opta por primar la profesionalidad ni la capacidad sino por conceptos tales como “pasión por la camiseta”, “dá ánimos a los jugadores”, etc”… Como jugador hizo historia pero como entrenador ha sido lamentable. Pero sus antecedentes no valen aquí. La adoración endiosada es lo que ha ganado

Има и повеќе од доволно обучени и професионални тренери во земјата. Тие не избраа да го ценат ниту професионализмот ниту способноста, туку идејата е „ траст кон дресот“, “ „мотивација за играчите, итн.“ Како играч, тој влезе во историјата , но како тренер тој беше за сожалување. Како и да е овде не се бројат неговите постигнувања. Обожавањето на божество е она што победи.

Други мислења за оваа тема можат да се најдат на блогот на Marcelo Gantman [шпански]; Cuaderno Contable [шпански]; Selección Deportiva [шпански]; y Empresas Contables [шпански].

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.