- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Демократија и младина: Tема на 3-тиот Светски форум за демократија во Стразбур

Категории: Западна Европа, Франција, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Идеи, Младина

WFD 2014 [1]

Третиот по ред Светски форум за демократија [1] ќе биде отворен следната седмица во Стразбур, Франција. Овогодинешната тема за дебатите [2] кои ќе се одржат од 3-5 ноември во седиштето на Советот на Европа ќе биде: „Од учество до влијание: Може ли младината да ја заживее демократијата?“. Различни „работилници“ ќе бидат пренесувани во живо на Твитер со хаштаг #CoE_WFD. Исто така, можете да го следите профилот на Твитер @coe [3] на Советот на Европа и блогот [4] посветен на таа цел. Дебатите ќе бидат организирани во различни формати и „работилници“ чиишто резултати ќе бидат претставени на 4 ноември. Предлозите кои ќе произлезат од состаноците на Светскиот форум ќе бидат интегрирани во идни проекти на Советот на Европа [5] и неговите партнери од областа на демократијата и демократското владеење. Дополнително, од 1 до 9 ноември програмата Fringe, на различни места низ целиот град, ќе понуди бројни настани, од конференции и состаноци до филмски фестивал и уметнички изведби. Тројца претставници на Global Voices ќе присуствуваат на форумот.