- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Украина: Продажба на гласови за избори преку социјална мрежа

Категории: Источна и Централна Европа, Украина, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Закон, Избори, Политика

Снимка на страницата за аукции од ВКонтакте.

Украинскиот Одесаблог привлече внимание [1] кон страница на рускиот социјален медиум ВКонтакте [2] неменета за оние кои сакаат да ги продадат своите гласови за изборите од 28 октомври. Рома Лексиков, еден од првите корисници кој протестираше преку коментар на страницата, напиша:

Подобро продавајте си го телото – така ќе заработите повеќе пари! Да можев, би го одзел државјанството на робови како вас и би ве истерал од земјата! […] Поради луѓе како вас, не успеваме да изградиме нормална земја веќе 20 години!