Овој текст е дел од специјалната репортажа Либија бунтува 2011.
Во четвртокот, неколкумина ирански блогери им се придружија на либијците за прославата по повод смртта на долгогодишниот диктатор на Либија – Муамер Гадафи. Некои блогери копнееат за крајот на диктатурата во Иран и ја споделија либиската радост за ослободената држава.
Ираниангринвоис вели:
… порака до лидерот на Иран, Ајатолах Алик Хаменеи: „Гадафи е мртов, стравувај диктаторе….ти што сакаш да изигруваш Господ, погледни ништо не остана од Гадафи, освен две фотографии: на едната од нив е облеан во крв, а на другата е со тебе….тој (Гадафи) исто така не се грижеше за својот народ, го убиваше на улиците, го сметаше за безначаен и бескорисен… помисли за лошата репутација што ја добиваш.
Неолиберал пишува:
Историјата се менува и диктаторите се погубуваат, еден по еден. Ги слушнавме вестите, ги видовме сликите. Се надевам дека Хаменеи ги видел сликите од безживотното тело на Гадафи…..Хаменеи дали знаеш дека Гадафи беше помлад и погорд од тебе?….Дали тој помислил на ваква иднина пред неколку месеци, дали го гледал погубувањето на Садам Хусеин?….Се надевам дека ти (Хаменеи) ќе подразмислиш малку за тоа каква судбина го снајде Гадафи.
Вижн објави фотографија од Гадафи под која вели: „Диктатор му вели здраво на крајот“
Кхакестар објави неколку слики од „скривницата на Гадафи“ и прашува зошто диктаторите се кријат во дувла по извршувањето на злосторите.
Овој текст е дел од специјалната репортажа Либија бунтува 2011.