- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Рајзинг Војсис номиниран за најдобар светски блог

Категории: Источна и Централна Европа, Латинска Америка, Супсахарска Африка, Боливија, Кенија, Романија, Развој, Уметност и култура

Гласај за Најдоброто од блоговите [1]Граѓанскиот проект Рајзинг војсис [2] на Глобал војсис е номиниран за наградата „Најдоброто од блоговите“ (Best of Blogs – BOB) во категоријата „Најдобар веб блог“. Повеќе од 8 500 блогови се предложени за номинација, а жирито избра 11 финалисти во секоја од 16те категории. Секој може да го даде својот глас [1] за својот омилен блог до 26 ноември 2008.

Дојче Веле овозможува специјално внимание на промоцијата за слободен пристап до информации и изразување низ целиот свет.

Рајзинг војсис банерРајзинг војсис е проект кој овозможува микро-грантови за повеќе од дузина проекти за блогирање на заедниците од делови на светот кои се многу малку застапувани (благодарение на грант од Knight News Challenge [3]).

Преку луѓето на овие извонредни заедници, ние учиме за граѓанските немири во Боливија преку блогерите од Voices Bolivian [4], ги запознавме новите блогери во Накура, Кенија од проектот Repacted [5] и во Романија од проектот Blogging the Dream [6].

Погледнете го ова видео и ќе знаете за кого да гласате…

Во имејл до целата заедница на Рајзинг војсис (вклучете се тука [7]) на 27 октомври, Дејвид Сасаки [8] напиша:

Пази го ова: Некој го номинирал Рајзинг војсис за најдобар блог (во светот!) за овогодинешниот натпревар за „Најдоброто од блоговите“. Сугурен сум дека многумина од вас се свесни дека постојат блогерски награди колку и блогови, но овој натпревар е интернационално признат. Ние сме многу горди што сме номинирани заедно со такво добро друштво како што се Generación Y [9] и Scienceblogs.de [10]. Може да го дадете вашиот глас тука [1] и да ги погледнете резултатите тука [11].

Натпреварот „Најдоброто од блоговите“ ги опфаќа блоговите и подкастите напишани на арапски, кинески, германски, француски, холандски, фарси, индонезиски, португалски, руски и шпански јазик. Може да погледнете мапа на светот [12] со сите предложени кандидати на сајтот на наградата.

На Глобал војсис, Џулијана Ринкон напиша пост за некои од номинираните видео блогери [13].

Дадете го вашиот глас пред 26 ноември!