- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

„Wikimujeres“ сака повеќе жени-уредници да го исправат родовиот дебаланс на Википедија

Категории: Граѓански медиуми, Рајзинг војсис
[1]

Пародија на познатиот постер „We Can Do It!“. Изведено дело од Том Морис преку Викимедија Комонс. Јавен домен.

Во статијата на Википедија за „Родова пристрасност на Википедија [2]” всушност се вели дека многубројни истражувања и анкети откриле дека „доминантно мнозинство уредници на Википедија се мажи“, наведувајќи бројки од околу 85-91.5%. Тоа претставува причина за загриженост и кај пошироката заедница и кај Фондацијата Викимедија, ентитет кој управува со најголемата бесплатна светска онлајн енциклопедија, бидејќи оваа демографска разлика може да придонесе за систематична поделба [3] која се наоѓа во нејзината содржина.

Проектот „Wikimujeres [4]“ (Викижени) работи во земјите каде што се зборува шпански и каталонски за да помогне да се сменат овие демографски податоци. На нивната веб-страница стои:

Somos un grupo de usuarias de Wikipedia preocupadas por la diversidad y la neutralidad de la Wikipedia y dispuestas a trabajar para disminuir (y en un futuro eliminar) la brecha de género y culturas que existe en la enciclopedia más consultada en internet.

Ние сме група корисници на Википедија загрижени за разновидноста и неутралноста на Википедија и сме подготвени да работиме кон намалување (а во иднина и отстранување) на родовиот и културниот јаз кој постои на најраспространетата употребувана енциклопедија на Интернет.

Нивната цел е да се вклучат повеќе жени како активни уредници кои исто така можат да придонесат повеќе содржини поврзани со жените, на пример биографии, како и содржини создадени од жени-уредници во развиениот свет. Достигнувањето до повеќе луѓе игра важна улога, и се изразува преку неделни состаноци кои се одржуваат на две локации, во Мадрид и Барселона, во форма на обуки и „edit-a-thons [5]“, настани на кои најчесто е потребно лично присуство, а се креирани за заеднички да се работи на создавање нови или подобрени статии на Википедија.

[6]

Фотографија од Монсерат Боис преку Викимедија Комонс (CC BY-SA 4.0)

Неодамнешните „edit-a-thons“, кои беа одржани во Медиалаб-Прадо во Мадрид, во заедничка организација со „Wikimujeres“, се фокусираа на објавување нови статии за жени фотографи [7] и жени научници [8].