- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Логото на Светското фудбалско првенство во Русија 2018 предмет на потсмев

Категории: Источна и Централна Европа, Русија, Граѓански медиуми, Спорт, Хумор, Рунет Ехо
Laughing at the 2018 World Cup logo. Images edited by Kevin Rothrock.

Исмевање на логото за Светското првенство во 2018. Фотографии уредени од Кевин Ротрок.

На нешто повеќе од 200 милји над Земјата вчера, светската публика за првпат можеше да го погледне официјалното лого на следното ФИФА Светско фудбалско првенство [1], кое ќе се одржи во Русија за нешто помалку од четири години. Русија приреди шоу од самото откривање, давајќи им ја задача на нејзините три космонаути кои во моментов престојуваат на Интернационалната вселенска станица.

Преносот [2] во живо од откривање на логото на овој фудбалски турнир беше во ударните термини на руските телевизии. Непосредно потоа, спортски официјални лица исто така го прекрија театарот Бољшој во импресивно светлосно шоу, со нарација на миграцијата на купот од Бразил до Русија.

Да се биде домаќин на Светското првенство, најпопуларниот спортски настан на планетава, сигурно ќе биде голем момент за Русија на светската сцена, каде репутацијата на Москва е оштетена во последните неколку месеци, откако насилствата во Украина ја избледеа добрата волја која се создаде од Зимските олимписки игри во Сочи. 

Мора да се признае, добрата волја е исто така во дефицит помеѓу корисниците на социјалните мрежи во Русија, и логото за Светското првенство во 2018 стана мета на исмевање [3] во моментот кога се објави. РуНет Ехо ви претставува некои од шегите кои циркулираат на Твитер на руски јазик.

Трогателно.

Светското првенство 2018 [гледано од] другата страна.

Aхаххах.

Ова е доста добро направено. 🙂

Самото лого не е всушност од Руско производство. Дизајнот припаѓа на БрандиаЦентрал, агенција за брендирање базирана во Португалија која победи шест други, вклучувајќи и руски, компании.