- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Грчки новинар уапсен заради објавување список на наводни неплаќачи на данок

Категории: Западна Европа, Грција, Владеење, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Најважни вести, Политика, Слобода на говор

Грчкиот новинар и уредник на магазинот Хот док (Hot Doc), Костас Ваксеванис, твитна во живо додека го апселе [1] и објави видео-порака [2] (на грчки) неколку часа откако неговиот магазин објави список со околу две илјади имиња на Грци што имале банкарски сметки во Швајцарија, што наводно бил „Списокот на Лагард“ кој грчката влада ја криела со години.

Репортери без граници побара ослободување на Ваксеванис [3] и објави извадок од интервју со него [4] (на француски). Твитерџиите станаа во негова поддршка, собирајќи над 16.000 потписи на петиција [5] со која се бара повлекување на тужата.