- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Блогирање од најмалото училиште во светот

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Дигитален активизам, Медиуми и новинарство, Младина, Образование

Следува уште една приказна за тоа како блогирањето може да ги смени животите на позитивен начин и да привлече внимание кон невидливите делови од овој свет.

Абдул Мохамад Ше’рани, млад ирански учител во многу оддалечено село во Иран, блогира за неговото многу мало училиште и неговите четири ученици [1] во малото рибарско село Јамалабад Калу во Иран, кое е блиску до јужното пристаниште Бушехр.

Мохамед до неговите четири ученици

Абдул Мохамад Ше’рани со неговите четири ученици

Социјалните медиуми направија нешто чудесно: Иранските медиуми, па дури и CNN, известија за ова село и владата помогна со реконструкцијата на патот и други објекти. UNESCO го призна [2] училиштето како најмало во светот. Може да видите неколку фотографии од училиштето тука [3].

CNN креираше сторија за ова училиште, која се појави и во видео на YouTube [4].

На блогот Notes of a teacher as soldier има пост за првото искуство на учителот со ова училиште:

На првиот ден постанав учителот-војник, малечко девојче со нежен глас и со прекрасна источна скромност дојде да се запознае со мене. Таа ја фати мојата рака со нејзината, опкружена со зелена нараквица за заштита од злото, и ми го покажа новото училиште на Калоу; училиште кое немаше ѕидови и беше поставено само неколку чекори оддалечено од морето.

На неговиот блог, Абдул Мохмад пишува [3] дека некогаш на неговите четири ученици им дал задача за есеј со тема „Доколку јас бев претседателот“:

Еден од учениците напиша: „Доколку јас бев претседателот ќе им помогнам на сиромашните луѓе, нема да дозволам некој да живее во сиромаштија… Ќе овозможам вода и електрична енергија за селата со цел да им помогнам на луѓето од овие рурални области да живеат удобен живот како оние од урбаните области… Ќе остварам мир помеѓу различните земји и нема да дозволам моќните земји да ги напаѓаат послабите.“

Баз Нам Зендеги (што значи живот повторно) пишува [5]:

Абдул Мохамад не се жали за недостатокот на објект, тешкотиите и проблемите. Тој пишува за животот, љубовта за учењето и предавањето во било која околност. Тој ги учи своите ученици дека добрината владее тука и дека животот со сите свои предизвици сепак продолжува понатаму…