- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Aвганистан: Казната на Парвез Камбакш ублажена на 20 години

Категории: Централна Азија и Кавказ, Авганистан, Дигитален активизам, Медиуми и новинарство, Најважни вести

Барем не е смрт [1]:

Авганистанскиот апелационен суд во вторникот ја отфрли смртната казна за студентот по новинарство кој беше обвинет за богохулење бидејќи поставувал прашања на час за правата на жените според Исламот. Но судиите сепак го осудија на 20 години затвор.

Случајот против 24 годишниот Парвез Камбакш, чијшто брат со неговото пишување ги разлути авганистанските владетели на војната, започна да го симболизира пад на Авганистан за ултраконзервативните погледи во религијата и индивидуалната слобода.

Барем еден сведок тврди дека бил застрашен за лажно да сведочи против Камбакш на неговото прво судење во јануари. Сега, Камбакш 24, треба да помине 20 години во озлогласениот Пул–и Чарки затвор за злосторство „сомневање во исламот“

Затворот Пул–и Чарки источно од Кабул, мапа на Гугл овде [2].

Случајот на Парвез Камбакш беше покриван претходно и од Глобал војсис [3] и од Глобал војсис адвокаси [4].