Empivot е онлајн агрегатор за зелени медиуми или како што вели неговиот опис „Онлајн мрежа за зелени видеа“. Членовите можат да постават видеа, разгледуваат канали како Renewable Energy Business Watch, YesterMorrow – Design/Build School, Green Tv и други.
Интересно видео, кое беше објавено на каналот Brighter Planet, врши климатски анализи на видеото на Ријана за песната „Shut up and Drive“. Тоа го прави во стилот на VH11 Pop-Up Video, прикажувајќи факти за автомобилите, испуштањето на јаглерод диоксид, влијанието на горивата и користењето на коли во Америка.