- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Поздравот од „Игри на гладот“ дава надеж на активистите за демократија во Тајланд

Категории: Источна Азија, Тајланд, Граѓански медиуми, Закон, Политика, Протест, Слобода на говор

Во сцена што потсетува на холивудски филм, присутните на кремацијата [1] на поранешниот заменик-спикер на собранието Апиван Виријачаи со три кренати прсти го поздравија поранешниот премиер на држава Јинглук Шинаватра [2], нешто што може да се гледа како тивка порака за надеж во Тајланд.

Ве молам знајте: се уште има многу граѓани на Тајланд кои се против државниот удар кои одбиваат да бидат под опресија на армијата

Фотографијата, која првично беше објавена на Фејсбук страницата на BBC Тајланд [5] е споделена на таа платформа преку 650 пати и споделена на Твитер преку 70 пати, вклучувајќи и ретвитови од поединци со голема база на следбеници како што е @toyubomm [6]. BBC ја постави оваа Фејсбук страница како напор за избегнување на систематски напади на владеење на правото и слободите кои следеа по државниот удар во мај, вклучувајќи ја забраната за политички собири и апсењето и задржувањето во притвор на стотици политичари и активисти против државниот удар.

Поздравот со три кренати прсти, испириран од фантастичниот блокбастер „Игри на гладот“се превзема како неофицијален симбол на активистите кои се против државниот удар [7] и поддржувачите на про-демократското движење.

Оваа активност [8] на Фејсбук и Твитер се случува во време на зголемени тензии во државата, со продолжувањето на масовната репресија од страна на хунтата врз слободата на изразување, вклучително и онлајн изразувањето. Покрај превземените мерки на цензура на граѓаните на социјалните мрежи и блокирање на стотици навредливи веб сајтови, вклучувајќи го и британскиот сајт на Дејли Мејл [9], минатата недела еден од големите политички блогови во Тајланд  на страницата на Дописници од Азија, Банког Пундит [10], објави дека прави пауза поради „ограничената средина на јавно коментирање за политиките на Тајланд непосредно по државниот удар“.

Додека затворањето на овој анонимен блог е чекор наназад во однос на слободата на изразување на граѓаните на Тајланд, споделувањето на фотографии како што е поздравот со три кренати прсти даваат мала доза на надеж за иднината на оваа, еднаш отворена и демократска држава.