Замбија донира пет милиони литри гориво на Малави

Овој пост е дел од нашата репортажа за Меѓународни врски и безбедност.

Долгогодишните дипломатски инциденти помеѓу Малави и Замбија неодамна кулуминираа со донацијата на Замбија од пет милиони литри гориво за Малави. Овој дар наводно беше поради погребот на претседателот на Малави Бингу ва Мутарика, којшто почина на 5 април 2012 година, по доживеаниот срцев удар. Политичките караници доведоа до овој гест, но сепак, истиот има комплицирана позадина.

Во 2007 година, Михаел Сата – тогашниот лидер на опозицијата во Замбија – патувал во Малави приватно, но бил депортиран при пристигање на аеродромот Чилека и бил возен 400 километри назад во Замбија. Четири години подоцна, тој беше избран за претседател на Замбија.

Во времето кога го депортирале од Малави, Сата се шегуваше дека Бингу му овозможил целосно опремен Lexus GX со приватен шофер (т.е имиграционен службеник) за патувањето, што беше повеќе од што некогаш направил Леви Мванаваса, тогашниот претседател на Замбија и политички опонент на Сата.

Многу кратко откако Сата беше избран за претседател, тој автоматски беше поканет да присуствува на главниот самит за COMESA, Заеднички пазар за источна и јужна Африка. Бидејќи самитот се одржуваше во Малави, каде се уште беше актуелно прашањето за депортирањето на Сата, новиот претседател на Замбија одби да присуствува на самитот, кажувајќи му на специјалниот пратеник на Малави:

Неговата екселенција Бингу ва Мутарика е свесен за дилемата во која се наоѓам. Јас би сакал да одам на ова патување како мое прво официјално патување во странска земја. Мислев дека сте постигнале отповикување [случајот со депортирањето], но не сте. Кога ќе ги решите овие прашања, јас ќе дојдам некој друг пат.

На неговото место на самитот, замбиската влада го постави заменик-претседателот, Др Гај Скот. Следниот пат кога Сата го сретна малавскиот лидер беше во Јужна Африка на прославата за стогодишнината од владеачкиот Африканскиот државен конгрес.

На таа забава, замбиските и малависките репортери имаа можност да ги видат двајцата претседатели. Како што Замбиски пост извести:

Zambian President Sata meets Malawian President Mutharika

Претседателот на Замбија, Сата, се среќава со претседателот на Малави, Мутарика, во Јужна Африка. Фотографија на ЗодијакОнлајн

Како што претседателот Мутарика, кој пристигна подоцна на вечерата, помина покрај  ВИП масата каде што седеше претседателот на Замбија, претседателот Сата стана и двајцата, кои порано се сметаа за непријатели, се прегрнаа, разменија неколку мили зборови и се смееја.

По прегратката, претседателот Сата го праша Мутарика, “kumunzi kuli bwanji? Како е селото?” а лидерот на Малави одговори: “kuli bwino. Nanga mubwela liti? Селото е во ред. Кога ке дојдете во Малави?

На оваа прашање претседателот Сата му одговори на Мутарика, “tizamu uzani. Ќе ти кажеме.”

Замбија и Малави зборуваат исти јазици и делат заеднички обичаи по нивната граница, која се протега од Мозамбик на југ па е до Танзанија на север.

Неколку месеци порано, Џојс Банда (тогашен заменик претседател на Малави, а сегашен претседател) беше во Замбија за да присуствува на прославата во име на независноста на соседската држава на патување кое не помина добро со администрацијата на Бингу. Кога пристигна во Малдиви, и се закануваа со апсење бидејќи нејзиното патување не било официјално дозволено од страна на владата на Малави.

За несреќа, претседателот Бингу почина кратко потоа, оставајќи позади него разнишана економија, сериозни недостатоци од странски девизи, електрично напојување и гориво, а Џојс Банда го превзема претседателското место.

Споменатата донација од гориво за Малави беше првиот знак за прифаќање на новата влада на претседателот Банда од страна на Замбија. Иронија на сите иронии е тоа што во администрацијата на Банда, малавскиот адвокат на замбискиот претседател Сата, Ралф Касамбара, сега е министер за правда во Малави.

Што се однесува до донацијата на гориво, замбискиот министер за енергетика, Кристофер Јалума, кој патуваше во Малави, во април рече:

Оваа [пратките од гориво] донација на која сведочиме денес е донација за подготовките на погребот на починатиот претседател. Вчера пристигнаа 15 танкери со гориво, кои ова утро ќе пристигнат во Малави.

Поради недостатокот на електрична енергија за напојување на објектите за ладење во Малави, телото на претседателот Мутарика беше преместено во Јужна Африка, каде на 23 април беше погребан.

Овој пост и неговите преводи на шпански, арапски и француски е нарачан од страна на Меѓународната безбедносна мрежа (ISN) како дел од партнерството за да се слушне гласот на граѓаните за мегународните врски и безбедносните прашања во светот. Овој напис беше првично објавен на блогот ISN. Погледнете слични приказни тука.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.