- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Blogger.com забранет во Турција

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Турција, Закон, Најважни вести, Технологија, Човекови права

Од 24 октомври 2008 турскиот суд го блокираше пристапот до популарниот сервис за блогирање Blogger [1](Blogger.com и Blogspot.com сопственост на Google). Според BasBasBas.com [2] холандски блогер кој моментално живее во Инстамбул, кој не извести за блокирањето [3]:

Се претпоставува [4] дека причината за ова е поврзана со Аднан Октар [5], кој од некои се смета за водечкиот муслимански застапник за креационизам, кој во минатото успеа [6] да ги блокира WordPress, Google Groups [7], како и веб сајтот на Ричард Давкинс [8].

Турските интернет корисници ја гледаат оваа порака кога ќе се обидат да пристапат на Blogger.com и сите блогови хостирани на Blogspot.com: „Пристапот до оваа веб страница е суспендиран според одлуката број 2008/2761 од турскиот Дијарбакир прв криминален суд за мир.“

Фотографија од пораката за блокираната страница

Ова е втор популарен блог сервис којшто е блокиран во Турција. Во август 2007, Турскиот Фатих втор цивилен суд го блокираше пристапот до целиот wordpress.com домен [9] после наводното клеветење на турскиот исламски креационист [10] Аднан Октар (Харун Јахја) [11].

Аднан Октар им има многу наштетено [12] на турските неризени во однос на нивниот пристап кон интернет. Тој успеа да забрани многу веб сајтови со судска одлука. Наспроти овие два сервиси за блогирање, Аднан Октар има поднесено жалба за Google Groups [7], што доведе до забрана на сајтот [12].

Турција исто така го има забрането пристапот до двата сајта за споделување на видеа, YouTube [13] и Dailymotion [14] поради видеата кои го навредуваат основачот на земјата Кемал Ататурк.

Slide [15], креаторот на виџети (widgets) за социјалните мрежи, исто така е блокиран од турскиот суд [16] поради „креирање фотографии и написи кои се навредувачки за Ататурк“